Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

По замрзнувањето на цените: Леб ќе месиме дома

1 мар. 2023 г.·2 мин читање·750 прегледи

Следете не на Viber

„Ако пекарите не работат, а невестите не знаат, има евтини машинчиња, ем месат ем печат“ – социјалните мрежи се полни со коментари за состојбата со недостигот од леб во продавниците. На овој простор освен негодување од однесувањето на пекарите, се шират и рецепти за домашна подготовка на леб од сите видови брашно, како и модели и цени на пекачи.

Можеби навистина граѓаните ќе ги сменат навиките, па вруќиот леб наместо да го купуваат од фурна, ќе го вадат од рерната во својот дом. Зашто, утрово Македонија остана без бел и полубел леб, кој требаше да е со замрзната цена. Пекарите не извршија испорака, односно ја реализираа заканата искажана во контекст на владината мерка. Некои специјализирани продавници се и сосема празни, нема никакви видови печива. Продавачите, пак, во маркетите, уште вчера им сугерираа на купувачите во корпите да стават и леб. За секој случај. Иако, оние поскапите видови од најосновната намирница, се уште ги има на рафтовите.

Во „Службен весник“ број 44, со вчерашен датум, веќе се објавени владините одлуки – за определување највисока цена на одделни производи и за запирање на субвенционирањето на цената на струјата за прехранбениот сектор.

Ова беше сигналот кој го чекаа компаниите од пекарската индустрија. Како ќе постапуваат понатаму, допрва ќе се види. Засега, очигледен е револтот што го предизвикаа кај граѓаните, кои немаат разбирање за нивното однесување. Оттаму и апелот, и Владата да го исполни ветеното – да ја активира Пазарната инспекција.

Клучни зборови

  • замрзнати цени
  • леб
  • пекарска индустрија
  • реакции
  • субвенции
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk