Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

По скандалот со салмонела во киднер-јајца во повеќе европски земји, производите се повлекуваат и од домашните продавници

7 апр. 2022 г.·3 мин читање·5307 прегледи

Следете не на Viber

Агенција за храна и ветеринарство наложи превентивно повлекување на чоколадите „Киндер-јајца“ од продавниците во државава. Ваквата одлука следи откако беше обелоденет скандалот со труење кој ја опфати цела Европа во кој беше детектирана салмонела во бројни производи на компанијата Фереро, која ги произведува Киндер јајцата.

Македонската Агенција за храна и ветеринарство по спроведе вонреден инспекциски надзор на Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство кај операторот со храна Атлантик трејд од Скопје, кој е увозник на производите од компанијата ,,ФЕРЕРО“.  Контролата е спроведена врз основа на добиеното известување од компанијата ФЕРЕРО од Загреб, која информира дека од превентивни причини од пазарот во Република Северна Македонија се повлекуваат неколку серии од Киндер производите.

Европската здравствена агенција во средата објави дека истражува десетици пријавени и сомнителни случаи на салмонела поврзани со јадење чоколадо во најмалку девет земји. Италијанската кондиторска групација Фереро во средата повлече неколку серии чоколадни јајца Kinder Surprise и други производи од шпанските полици, по слични потези во Велика Британија и Ирска во понеделникот.

Фереро ги опиша повлекувањата како превентивни и во средата рече дека ниту еден производ Киндер пуштен на пазарот не бил позитивен на салмонела.
„Епидемијата се карактеризира со невообичаено висок процент на деца кои се хоспитализирани, некои со тешки клинички симптоми како што е крвава дијареа“, соопшти Европскиот центар за превенција и контрола на болести ЕЦДЦ. Агенцијата во соопштението не го спомна Фереро или која било друга компанија, но во средата предупреди дека пријавените случаи се претежно кај деца под 10 години. Агенцијата подоцна соопшти дека станува збор за чоколадни јајца Киндер, но не појасни дали проблемот се однесува исклучиво на тие производи.

Нестле, швајцарската компанија за кондиторски производи, соопшти дека не отповикала никакви производи во овој контекст. Ривалот Lindt & Sprunegli не беше погоден од тековната здравствена криза.

Велика Британија има најголем број инциденти со 63 потврдени случаи заклучно со 5 април, соопшти ЕЦДЦ, додавајќи дека други земји со веројатни или потврдени случаи се Франција, Ирска, Белгија, Германија, Луксембург, Холандија, Шведска и Норвешка.

Здравствената агенција на Европската унија соопшти дека истражува, заедно со Европската управа за безбедност на храната (ЕФСА), 134 потврдени или веројатни случаи на салмонела. Повлекувањата на производите се започнати во неколку земји, вклучувајќи ги Белгија, Франција, Германија, Ирска, Луксембург и Британија, соопшти агенцијата на ЕУ.Во Белгија властите се сомневаат дека расипаните производи доаѓаат од фабриката на Фереро во градот Арлон.

Вкупно во цела Европа се идентификувани 125 случаи на труење.Салмонелата е токсична бактерија која може да доведе до смрт.

Клучни зборови

  • ЕУ
  • салмонела
  • чоколади
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk