Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ПО РАЗГОВОРИТЕ СО МИЦОТАКИС: Земјоделците „мерат“ дали повторно да ги затворат патиштата

20 јан. 2026 г.·3 мин читање·2525 прегледи

Следете не на Viber

По повеќечасовни разговори со грчката влада, земјоделците низ Грција денеска стојат пред клучна одлука: дали повторно да ги блокираат патиштата и граничните премини или привремено да се повлечат и да им дадат уште една шанса на преговорите. Четиричасовната средба со премиерот Киријакос Мицотакис не донесе јасен пробив, а првичните реакции од учесниците укажуваат на широко распространето незадоволство.

Иако блокадите беа привремено тргнати како предуслов за одржување на состанокот во Атина, атмосферата по разговорите остана напната. Земјоделските здруженија најавија дека денеска ќе се одржат состаноци на сите пунктови низ земјата, на кои учесниците ќе бидат информирани за понудите на владата и заеднички ќе одлучат за следните чекори. До тогаш, патиштата и граничните премини остануваат отворени.

Протестите, кои започнаа уште на 30 ноември, се резултат на долгогодишни проблеми во земјоделскиот сектор. Земјоделците и сточарите се жалат на нагло зголемените трошоци за гориво и електрична енергија, ниските откупни цени, високите даноци и сериозните доцнења во исплатата на субвенциите од Европската Унија. Според нив, овие фактори ја доведуваат во прашање одржливоста на производството, особено во руралните области.

Ризос Марудас, претседател на Обединетата федерација на земјоделски здруженија од Лариса, изјави дека делегатите на средбата не се задоволни од одговорите што ги добиле. Тој нагласи дека најголем дел од отстапките кои земјоделците ги добиле во минатото биле резултат токму на притисокот преку блокади и протести. Според него, владата има фискален простор да помогне, но ѝ недостасува политичка волја.

Слични пораки испрати и Томас Мошос од Касторија, кој предупреди дека сточарството се наоѓа на раб на колапс. Според него, претставниците на земјоделците за време на разговорите „удриле во ѕид“, бидејќи на многу прашања не добиле конкретни или искрени одговори. Тој додаде дека неизвесноста ги турка младите земјоделци да се откажуваат од производството.

Незадоволство изразија и претставниците на другите земјоделски гранки. Рибарите ги отворија прашањата за нелегалниот риболов, инвазивните видови и штетите од морските цицачи, посочувајќи дека државата има интерес да интервенира поефикасно. Пчеларите, пак, предупредија дека нивниот сектор со години испраќа сигнали за сериозна криза, а конкретни решенија сè уште изостануваат.

Од владината страна, пораката беше дека секое можно решение мора да се движи во рамките на строгите буџетски ограничувања на земјата. Мицотакис изјави дека државата веќе понудила значителни олеснувања, но дека не може да си дозволи мерки кои би ја нарушиле фискалната стабилност. Владини извори, исто така, предупредија дека доколку повторно дојде до долготрајни блокади, можно е да се промени досегашниот воздржан пристап и да се преземат поостри мерки.

Сега топката е кај земјоделците. Нивната одлука ќе покаже дали дијалогот со владата ќе продолжи или протестите ќе влезат во нова, поостра фаза. За многумина во рурална Грција, ова не е само прашање на субвенции и даноци, туку борба за опстанок на цели заедници.

Клучни зборови

  • блокади
  • грција
  • земјоделци
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk