Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисПриродни ресурси

По примерот на Хрватска, Црна Гора го укинува ДДВ-то за соларните панели

9 сеп. 2022 г.·2 мин читање·2282 прегледи

Следете не на Viber

Црна Гора би можела да го следи примерот на Хрватска и да го укине данокот на додадена вредност на соларните панели, бидејќи владите во регионот сè повеќе ја сфаќаат важноста на соларните централи на покривите на домаќинствата и компаниите како мерка за решавање на енергетската криза.

Министерството за економски развој и туризам на Црна Гора соопшти дека подготвува нов сет мерки за намалување на притисокот од енергетската криза во наредните месеци. Една од мерките што ќе му бидат предложени на Александар Дамјановиќ, министерот за финансии, ќе биде и укинување на ДДВ за соларните панели.

Според Горан Ѓуровиќ, министер за економски развој и туризам, укинувањето на ДДВ за сончевата енергија е со цел побрза транзиција кон обновливи извори на енергија. Тоа, исто така, ќе ја подобри безбедноста на снабдувањето на долг рок и ќе им помогне на граѓаните и економијата во случај на нарушувања на пазарот и ниски нивоа на вода во хидроенергетските акумулации.

Хрватската влада прва во регионот го укина ДДВ на соларните панели со цел да се забрза енергетската транзиција и да се обезбеди снабдување со електрична енергија. Во соопштението, црногорското Министерство потсетува на овој потег на соседите.

Во Хрватска ДДВ на соларните панели беше 25 отсто, додека во Црна Гора стапката на ДДВ е 21 отсто, потсетува Бакан енерџи њуз.

Електростопанството на Црна Гора  ја започна програмата Solari 3000+ за домаќинствата и Solari 500+ за компаниите со цел да се забрза инсталацијата на соларни централи на покривите и да им се овозможи на потрошувачите да произведуваат енергија за сопствена потрошувачка и со тоа да станат потрошувачи.

Во Србија и во Македонија засега нема најави од владите за намалување на данокот на додадена вредност, кое би се однесувало на соларните панели.

Клучни зборови

  • ДДВ
  • соларни панели
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk