Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

По настанот Galaxy Unpacked, Samsung најави достапност на најновите уреди во Македонија

24 јул. 2024 г.·5 мин читање·2806 прегледи

Следете не на Viber

Новите серии на Galaxy Z Fold6, Z Flip6, Watch Ultra, Watch7 и Buds3 на Samsung ја продолжуваат моќта на Galaxy AI

Samsung Electronics денес ја објави глобалната достапност на Galaxy Z Fold6, Galaxy Z Flip6, Galaxy Watch Ultra, Galaxy Watch7 и серијата Galaxy Buds3.

„Забележавме значителна возбуда кај потрошувачите по претставувањето на нашите најнови Galaxy уреди во Париз на почетокот на овој месец“, рече ТМ Рох (TM Roh), претседател и раководител на Mobile eXperience Business во Samsung Electronics. „Со интегрирање на моќта на Galaxy AI во нашите разновидни уреди на преклоп, како и со проширување на нашето портфолио на екосистемот, ние ја продолжуваме нашата посветеност да го донесеме потенцијалот на вештачката интелигенција во рацете на милиони ширум светот“.

Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6: Нови и разновидни AI искуства

Новите Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 ја отворија следната граница на Galaxy AI[1], користејќи ги своите уникатни форм-фактори кои ја унапредуваат комуникацијата, продуктивноста и креативноста како никогаш досега. Кога станува збор за комуникација, вие лесно ќе разберете некого на друг јазик, или слушајќи или разговарајќи со функцијата Преведувач[2], искористувајќи го максимумот од уникатниот форм-фактор на двоен екран. Одговарајте додека сте во движење со функцијата Предложени одговори[3], која препорачува приспособени одговори на пораките без да треба да го отворите уредот. Останете продуктивни со функцијата Композитор[4], која генерира е-пошта и социјални објави засновани на само неколку едноставни клучни зборови, и со функцијата Помош за белешки[5], која нуди нова функција PDF вграден превод, како и транскрипција на аудио датотеки. Креативноста се зајакнува со функцијата Асистент за фотографирање[6], пакет алатки за уредување засилени со вештачка интелигенција за креирање професионална содржина без напор. Плус, FlexCam, сега поддржана со Auto Zoom[7], автоматски го врамува совршеното селфи без користење на рацете.

Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 се најтенките, најлесните, како и најиздржливите телефони од серијата Z досега. Екранот е надграден благодарение на подобрените слоеви на главниот екран, кои не само што нудат издржливост, туку и видливо го подобруваат преклопувањето. Galaxy Z Fold6 нуди нов сооднос на надворешниот екран, кој, исто така, поприродно легнува на раката, додека Galaxy Z Flip6 обезбедува врвно искуство со камерата, подолг век на батеријата и за прв пат, парна комора за максимизирање на перформансите во движење.

Подобрен Galaxy екосистем овозможен од Galaxy AI

Најновите додатоци на линијата Galaxy Watch заземаат централно место во визијата на Samsung за подобрување на дигиталното здравје и секојдневната благосостојба преку Galaxy AI. Galaxy Watch Ultra и Galaxy Watch7 овозможуваат подобрено следење на локацијата благодарение на двофреквентниот GPS систем[8], кој ја следи локацијата на корисникот за вежбање во која било надворешна средина, од прометни градови до правливи патеки, попрецизно од кога било.

Серијата Galaxy Buds3 нуди елегантен нов дизајн на рабовите за модерен, но практичен стил, а со Canal Type за Galaxy Buds3 Pro Open Type за Galaxy Buds3 добиваме пар слушалки кои одговараат на секого без оглед на индивидуалната желба. Звукот со ултра висок квалитет[9] испорачува извонредни детали во секој звук, а со функцијата за повици Супер широк опсег [10], телефонските повици може да се слушаат со беспрекорен квалитет дури и во бучни средини.

Достапност[11]

Galaxy Z Fold6 е достапен во следните бои: сребрена сенка, розова и темносина. Galaxy Z Flip6 е достапен во следните бои: сребрена сенка, жолта, сина и ментол зелена.

Galaxy Watch Ultra е достапен во големина од 47mm во титаниум сива, титаниум бела и титаниум сребрена боја. Galaxy Watch7 е достапен во две големини, 40mm и 44mm. Изберете зелена и кремаста боја за големината од 40mm и зелена и сребрена боја за големината од 44mm

Серијата Galaxy Buds3 е достапна во две бои, сребрена и бела.

За повеќе информации посетете ја веб страницата на Samsung.

 За Samsung Electronics

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите.

Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/

[i] Достапноста може да се разликува во зависност од земјата и операторот.

Клучни зборови

  • Galaxy Z Flip6
  • Galaxy Z Fold6
  • samsung
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk