Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

По добрите вести за вакцина, раст на акциите насекаде низ светот

9 дек. 2020 г.·2 мин читање·1333 прегледи

Следете не на Viber

На Вол Стрит, цените на акциите пораснаа во вторникот, а S&P 500 достигна нов рекорд, како и индексот Nasdaq, најмногу благодарение на позитивните вести за вакцината за коронавирусот.

Dow Jones зајакна 104 поени или 0,35 отсто на 30.173 поени, додека S&P 500 порасна 0,28 отсто, на 3.702 поени, а индексот Nasdaq 0,50 отсто, на 12.582 поени.

Инвеститорите вчера беа охрабрени од позитивните вести за вакцината за коронавирусот, па затоа акциите на фармацевтските компании беа меѓу најголемите добитници.

Акциите на „Џонсон и Џонсон“ пораснаа за 1,7 проценти, откако компанијата соопшти дека тестирањето на нејзината потенцијална вакцина може да заврши во јануари, порано од очекуваното.

Цената на акциите на „Модерна“ скокна 6,5 проценти откако Швајцарија ги зголеми нарачките од компанијата, додека акциите на „Фајзер“ пораснаа за 3,2 проценти, бидејќи компанијата помина уште една пречка за нејзините вакцини да се користат во САД.

Азиски пазари: Индексот MSCI Asia Pacific на ново рекордно ниво

На азиските берзи во средата, цените на акциите достигнаа рекордни нивоа бидејќи инвеститорите беа охрабрени од добрата вест за вакцината за коронавирусот.

Индексот MSCI, без јапонските акции, порасна за 0,5 проценти околу 7,00 часот и тогаш го достигна својот рекорд.

Индексот MSCI на сите светски берзи достигна и рекорд

На берзата во Токио, индексот Nikkei порасна за 1,2 проценти, додека цените на акциите во Сингапур, Австралија, Хонг Конг и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,2 и 1,4 проценти. Во Шангај, берзанските индекси стагнираат.

Клучни зборови

  • акции
  • Берза
  • раст
  • свет
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk