Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Субвенционираните плати отворија нови 1.346 работни места

6 јул. 2020 г.·2 мин читање·89 прегледи

Следете не на Viber

Интересот на компаниите за отворање нови работни места со користење на мерката субвенционирање на плата ги надмина првично планираните средства и опфат на корисници. Затоа, Агенцијата за вработување ќе објави нов оглас.

Пазарот на труд функционира и покрај економските предизвици, вработувањата не се запрени. Над илјада работни места се поддржани само со една мерка од Оперативниот план за вработување “Субвенционирање на плати“ , за која компаниите покажаа исклучителен интерес, се вели во денешното соопштение од МТСП.

Агенцијата за вработување досега распиша два јавни огласи за мерката, на почетокот на март и кон крајот на месец мај. Досега се потпишани договори со 1.042 компании за вработување на вкупно 1.346 лицa, велат од ресорното министерство.

Финансиската помош за новоотворените работни места досега изнесува 302.556.000 денари.

Кај субвенционирањето на плати поддршката може да биде 3, 6 или 12-месечна.

Се субвенционира бруто плата од 19.000 денари по лице, а со најголемата поддршка, фирмата добива неповратни 228.000 денари за вработување на едно лице, кое работодавачот има обврска да го задржи на работа вкупно 30 месеци.

Интересот на компаниите за отворање нови работни места со користење на мерката субвенционирање на плата ги надмина првично планираните средства и опфат на корисници. Затоа, Агенцијата за вработување ќе објави нов оглас.

Клучни зборови

  • Агенција за вработување
  • анализа
  • плати
  • статистика
  • субвенции
  • финансиска помош
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk