Платите секогаш не ја пратат судбината на компанијата. Од 100 најголеми компании по приход во државава во 2025 година, во 38 се делеле плати под националниот просек кој лани беше 45.198 денари, покажува анализата на Пари во соработка со Бизнис мрежа.
Распонот на просечните плати во овие комании се движи од 21.187 денари во СИНОХИДРО КОРПОРЕЈШН ЛИМИТЕД Пекинг – Подружница Скопје до 244.474 денари во претпријатието за инженеринг, проектирање, изградба и услуги ЕНЕРГОГРОУП ДОО БЕЛГРАД, Република Србија – Подружница Скопје.
Податоците јасно покажуваат дека нема некои јасни правила на игра кога е во прашање „делењето на пари“. Често компании со големи приходи, па и добивки даваат ниски плати.
КИНЕЗИТЕ НАЈГОЛЕМИ ЦИЦИИ
СИНОХИДРО е добро позната компанија за македонската јавност, затоа што таа е кинескиот изведувач на автопатот Кичево-Охрид. Со приход од 82,5 милиони евра, таа се наоѓа на 53-тата поз…