Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Се замрзнуваат платите на јавниот сектор во Велика Британија?

22 ное. 2020 г.·3 мин читање·3006 прегледи

Следете не на Viber

Пет милиони вработени во јавниот сектор во Велика Британија се соочуваат со замрзнување на платите. Оваа мерка, дизајнирана како одговор на финансиските последици од пандемијата, се однесува на наставниците, полицијата, војската и државните службеници, но не и на здравствените работници, кои се ослободени поради нивните напори да се борат против коронавирусот.

Британскиот министер за финансии Риши Сунак оваа среда ќе го претстави планот за ограничување на платите и враќање на буџетскиот биланс. Во време на пандемијата, буџетските расходи значително се зголемиле.

Првата опција на владата е, тригодишно замрзнување на платите во јавниот сектор како би заштедиле 23 милијарди фунти, додека пак втората опција е да се ограничи растот на платите на само еден процент годишно, со заштеда од 11 милијарди фунти.

Новата рунда на затегнување на ремените за британските државни службеници, од кои многумина се во првите редови на борбата против коронавирусот, е резултат на рекордното задолжување на владата за време на кризата и веројатно ќе биде во целосна спротивност со решението на премиерот Борис Џонсон за платите на вооружените сили.

Како што се очекуваше, на планот се спротивставиле синдикатите, кои сметаат дека тоа е дополнителен удар врз нивните членови среде кризата. Многу ветувања ќе бидат прекршени, смета Кевин Кортни, кој предупредува дека Џонсон ветил дека ќе ги зголеми платите на наставниците на повеќе од 30 000 фунти годишно до 2022 година.

“Нема да дозволиме вработените во јавниот сектор да плаќаат за оваа криза со нови заштеди и замрзнување на платите. Ова е удар за оние кои се борат против пандемијата. Нашите членови сè уште ги чувствуваат ефектите од 10-годишното штедење и конзервативните владини тешкотии. Министрите споделуваат милијарди со своите пријатели преку договори , а во исто време смислуваат како да ги намалат платите на работниците кои се во првите редови во борбата против коронавирусот “, рече Рехана Азам, генерален секретар на синдикатот на ГМБ.

Британската влада досега потрошила повеќе од 210 милијарди фунти само за борба против пандемијата, а се очекува да потроши десетици милијарди повеќе до пролетта следната година.

Поради овие трошоци и падот на БДП, Канцеларијата за буџетска одговорност на Владата очекува Министерството за финансии да мора да позајми 400 милијарди фунти оваа година. Исто така, се проценува дека буџетскиот дефицит ќе биде двојно поголем од оној во 2008 година.

Велика Британија има повеќе од 5,4 милиони вработени во јавниот сектор, од кои повеќето работат во здравството и образованието.

Клучни зборови

  • Велика Британија
  • замрзнување на плати
  • јавен сектор
  • плати
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk