Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Ангеловска: Домашната платежна картичка системски осмислена за да стимулира безготовинско плаќање и купување домашни македонски производи и услуги

18 јун. 2020 г.·2 мин читање·325 прегледи

Следете не на Viber

Домашната платежна картичка и ваучерите за домашен туризам ќе го ублажат падот на економската активност во третото тримесечје, како и падот на бројот на ноќевања во македонскиот туризам. Ова го покажале направените симулации во Министерството за финансии, изјави министерката за финансии, Нина Ангеловска на гостувањето во емисијата Агенда 35.

Преку мерката за домашна платежна картичка ќе им се даде финансиска поддршка на околу 325.000 граѓани. Министерката за финансии вели дека мерката е современа и системски осмислена за да стимулира безготовинско плаќање, намалување на неформалната економија, купување домашни македонски производи и услуги, а воедно ќе влее средства во стопанството за кус рок.

Направивме една симулација што ќе значат 28 милиони евра во економијата во така краток период од околу 30 до 40 дена. При таа симулација за третиот квартал од годината, ако ние предвидуваме дека контракцијата или намалувањето на економската активност ќе биде 2,7%, со влевање на сите овие средства ќе забележиме нешто под 2%, односно намалување за 0,7 – 0,9 процентни поени помал економски пад благодарение на средствата коишто ќе се влеат во економијата и коишто ќе се потрошат кај погодените сектори за домашни производи и услуги – вели Ангеловска.

Ангеловска посочува и дека ваучерите за домашен туризам ќе влијаат врз помал пад на бројот на ноќевања.

Тука би ја споменала и мерката за ваучерите за туризам, којашто изнесува околу 10-12 милиони евра, а се поделија на 117.000 граѓани, секому по 100 евра. Симулацијата што ја направивме тука со цел да го оцениме ефектот проценивме ако бројот на ноќевања во текот на 2020 година согласно случувањата би бил околу 50%, со оваа мерка тој процент би бил дупло помал, односно би се влијаело на помал пад на бројот на ноќевања и воедно зајакнување на македонскиот туризам – вели Ангеловска.

Клучни зборови

  • активност
  • економски мерки
  • коронавирус
  • мерки
  • Министерство за финансии
  • Нина Ангеловска
  • пандемија
  • поддршка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk