Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Планот за реконструкција на Америка ќе биде платен од корпорациите 

4 апр. 2021 г.·2 мин читање·643 прегледи

Следете не на Viber

Претседател Џо Бајден во средата го претстави планот за инвестирање во инфраструктурата во САД, кој тој го опиша како „еднаш во генерација“ и ветува на нацијата, која сè уште се обидува да излезе од кризата предизвикана од пандемијата, дека инвестициите вредни два трилиона долари ќе создадат „најсилна, најотпорна и најиновативна економија во светот“.

Агенциите посочуваат дека „Американскиот план за работа“ на Бајден ќе биде наплатен во корпоративната Америка преку зголемување на даноците, додека владата создава милиони работни места преку градење инфраструктура, вклучувајќи патишта и мостови, борба против климатските промени и зајакнување на услугите како што е грижата за старите лица.

Претставувајќи го планот во Питсбург, претседателот на САД потсети дека богатството на само еден процент од Американците надмина четири трилиони за време на пандемијата, додека милиони Американци останаа без работа. „Тоа само покажува колку е нарушена и нефер нашата економија“, рече Бајден.

„Не беше секогаш така. Време е да го смениме тоа“.

„Ова се инвестиции во Америка, како што се случуваат еднаш во генерација, различно од сè што видовме или направивме откако е изграден меѓудржавниот автопат пред неколку децении и од времето на вселенската трка“, рече Бајден.

Тој рече дека нема да се двоуми да им наплатува на компаниите и ќе стави крај на практиките во кои корпорациите како Амазон плаќаат малку или речиси и да не плаќаат федерален данок.

Бајден ги игнорира повиците за зголемување на даноците на богати лица, барем засега, посочуваат агенциите. Наместо тоа, неговиот план вклучува покачување на стапката на данок на добивка на 28 од сегашните 21 процент и измена на законот за данок што би ги спречило компаниите да ги движат профитите во странство. Бајден рече дека целта не е да се „насочат“ кон компаниите, туку да се надминат поделбите и нееднаквостите што пандемијата само ги влоши.

„Предлагам национален план кој ја цени работата – не само богатството. Гради фер економија што на сите им дава можност да успеат. Треба да ја градиме економијата од долу нагоре. Вол Стрит не ја изгради оваа земја, туку вие, вредни работници и синдикалци. „Секој е поканет да учествува – без оглед на разликите што постојат меѓу нив“, истакна Бајден.

Клучни зборови

  • Америка
  • Американскиот план за работа
  • корпорации
  • Питсбург
  • џо бајден
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk