Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ПИШМАН ЗА БРЕГЗИТОТ: Британски министер повикува на „скромност“ и жали за лошите односи со ЕУ

7 окт. 2022 г.·2 мин читање·969 прегледи

Следете не на Viber

Политичарот и еден од идејните творци на Брегзит, Стив Бејкер, сега ги советува своите сопартијци од Конзервативната партија дека тој и другите поддржувачи на Брегзит да покажат „скромност“ и да ја прифатат својата одговорност за штетата направена врз односите со ЕУ за време на процесот на Брегзит.

Говорејќи на годишната конференција на партијата во Бирмингем, Бејкер, поранешен претседавач со Европската истражувачка група, која го поддржа Брегзит,и сегашен државен министер во новата британска администрацијата за Северна Ирска, изјави: „Јас бев еден кој можеби дејствуваше со најжестоката решителност да го извлечам Обединетото Кралство од ЕУ. Мислам дека треба да покажеме малку понизност во оваа ситуација“.

Бејкер, неодамна назначен за министер за Северна Ирска во владата на Лиз Трас, додаде дека „со понизност сакам да прифатам и да признаам дека јас и другите не секогаш се однесувавме на начин што ги охрабруваше Ирска и Европската Унија да ни веруваат да прифатиме дека тие имаат легитимни интереси, легитимни интереси кои ние сме спремни да ги почитуваме затоа што тие имаат и ние сме подготвени да ги почитуваме“. Тој додаде: „И жал ми е поради тоа бидејќи односите со Ирска не се онаму каде што треба да бидат, и ќе треба да работиме исклучително напорно за да ги подобриме, и знам дека го правиме тоа“.

ИЗВИНУВАЊЕ ЗА БРЕГЗИТОТ

Бејкер рече дека го искористил државниот погреб на кралицата Елизабета претходно овој месец за да им се извини лично на ирските министри. Ова го означува првото признание од страна на министер на Обединетото Кралство за штетата предизвикана на односите со Даблин и Брисел од Брегзит.

По долготрајните спорови околу протоколот за Северна Ирска и неговата имплементација, тоновите на досегашното расположение на министрите на Трас се многу попомирливи отколку во времето на нејзиниот претходник Борис Џонсон. Сепак, владата продолжува да одбива да врши царински проверки на стоките што патуваат во Ирска и останува посветена на усвојување законодавство што ќе  дозволи еднострано да го поништи протоколот.

Клучни зборови

  • Брегзит
  • ЕУ
  • лидер
  • Стив Бејкер
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk