Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Како Pinterest заработува пари?

20 мај 2020 г.·2 мин читање·576 прегледи

Следете не на Viber

Кога Pinterest се појави на берзата со својата иницијална понуда, беше вреднуван 10 милијарди американски долари. Да видиме што е Pinterest и како заработува пари? Pinterest е започнат во 2010 година и тоа е креација на Бен Силберман и Еван Шарп, кои претходно работеле во Фејсбук и Гугл. Тие создадоа социјална апликација која им овозможува на луѓето да обележуваат слики на табли кои ги наоѓаат на Интернет. Содржината може да варира од рецепти, до свадби, до реновирање на домови. Потоа, корисниците можат да ги споделат своите табли со пријатели или сите корисници на Pinterest. Корисниците наоѓаат нови идеи следејќи ги пријателите и брендовите, или едноставно со пребарување на Pinterest. 

Pinterest има 265 милиони корисници месечно од кој најмногу се жени. Pinterest заработува пари со еден едноставен начин: рекламирање. Како и повеќето технолошки компании кои се соочуваат со потрошувачите, Pinterest заработува пари од реклами. Значи, неговиот вистински предизвик во овој простор е натпревар против Фејсбук и Гугл кои во основа го контролираат пазарот на дигитално рекламирање. Pinterest продава промотивни пинови на огласувачите, со што оствари три долари по корисник минатата година. Овие промовирани пинови се појавуваат во најразлични формати: стандардна игла за слики, мало или големо видео, промовирана апликација или слајдшоу на слики. 

Pinterest исто така има стотици партнери во малопродажба, како Ulta Beauty, Lowe’s и Wayfair. Во најголем дел, корисниците на Pinterest одат на оваа веб страна кога планираат некој настани или едноставно им требаат идеи. Можеби ја реновираат својата куќа, ја планираат својата свадба, одат на големо патување и слично. Во тие случаи, тие ќе го посетат Pinterest. Значи не станува збор за вебстрана која се користи секојдневно како YouTube или Гугл ама сепак, кога ја користат, најверојатно, многу корисните се спремни да потрошат пари. 

Клучни зборови

  • ipo
  • Pinterest
  • Берза
  • заработка
  • иницијална понуда
  • пинтерест
  • социјална мрежа
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk