Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ПИКАСА АНАЛИТИКС: Медиумска присутност на МБИ10 компаниите

12 мар. 2022 г.·2 мин читање·3446 прегледи

Следете не на Viber

„Во Февруари од компаниите во Банкарската индустрија, медиумски најактивна била НЛБ Банка, со 16% удел на споменување во објавените текстови и 22% од реакциите на публиката. Како најкоментирани теми во банкарската индустрија се истакнуваат „Инфлацијата“ и „Берзите“.

Следниот приказ ја одразува медиумската присутност на 10-те Акционерски Друштва кои се дел од МБИ10 индексот на Македонската Берза.

Мониторингот на ПИКАСА АНАЛИТИКС презентира резултати од 400 мониторирани дигитални медиуми, кои вкупно во текот на Февруари објавиле над 300.000 вести (политика, економија, спорт, култура, технологија, хроника итн).  Еден дел од тие вести се однесуваат на активностите на најголемите и најуспешните акционерски друштва, учесници на МБИ10 индексот.

Приложените резултати покажуваат:

– На колку медиумски објави биле споменати

– Колку пати биле споменувани на социјалните мрежи Твитер, Фејсбук, Инстаграм и Јутуб.

– Колку вкупно реакции предизвикале објавите кадешто биле споменати (збир на лајкови, споделувања, емоции и коментари)

– Споредба со претходниот месец (Јануари) – дали има зголемување или намалување на бројот на споменувања и реакции.

Покрај банките, кои сочинуваат пола од МБИ10 индексот, станатите 5 компании се од различни индустрии и затоа табелата нема карактер на споредба на компании од различни индустрии.

На прашањето “Кои компании и теми биле најактивни во споредба со останатите во дадената индустрија?“, од Пикаса ни одговорија:

„Во Февруари од компаниите во Банкарската индустрија, медиумски најактивна била НЛБ Банка, со 16% удел на споменување во објавените текстови и 22% од реакциите на публиката. Како најкоментирани теми во банкарската индустрија се истакнуваат „Инфлацијата“ и „Берзите“.

Кај Фармацевтската индустрија, Алкалоид АД учествуваат со над 80% од сите активности на индустријата, а најспоменувана тема се „Лековите“, додека Макпетрол учествува во 62% од реакциите поврзани со Нафтената индустија, каде наспоменувана и коментирана тема во Февруари е:  “Цените на горивата“.

* Мониторингот е овозможен од платформата analytics.live на Пикаса која следи над 2.000 медиуми од Западен Балкан и главните социјални медиуми (Фејсбук, Инстаграм, Твитер и Јутуб) и нуди сеопфатна и во реално време аналитика за следење на целокупниот медиумски пејзаж во земјата, во исто време овозможувајќи им на своите клиенти да го измерат нивното влијание и присуство во медиумите и да се споредат со активноста на избраните конкуренти.

* Податоците се јавни.

Клучни зборови

  • банкарска индустрија
  • Македонска берза
  • МБИ10
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk