Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

PHCANN главен спонзор на Cannabis Europa 2025: Нова ера на медицинскиот канабис

24 јун. 2025 г.·4 мин читање·3264 прегледи

Следете не на Viber

PHCANN International, водечки производител на медицински канабис во Европа, е главен спонзор на престижната конференција „Cannabis Europa 2025“, која се одржува денес и утре во Лондон.

Зошто е важна зa нас оваа информација? Затоа што PHCANN International ја предводи Македонец. Извршен директор e Сашо Стефаноски, во пошироката јавноста познат како директор на Фондот за здравствено осигурување и како државен секретар во две министерства – за одбрана и за локална самоуправа. Тој управува со НЈСК Холдинг кој е дел од системот на PHCANN International. Пари веќе пишуваше за домашната компанија од скопска Ќојлија, која последниве години остварува позитивни резултати: лани ја зголеми добивката за 546,05 проценти, приходите за 73,15 насто, а отвора и нови работни места. Постои речиси една деценија, а Стефаноски истакнува дека се работи за првата домашна лиценцирана компанија за одгледување канабис за медицински цели, прва доби европска лиценца за производство на фармацевтски производи на база на канабиноиди и е првиот македонски извозник на сув цвет од канабис.

Централата на PHCANN International е во Амстердам. Компанијата се вбројува меѓу водечките во европската индустрија со канабис. Работи согласно високите фармацевтски стандарди и поседува ГМП (Good Manufacturing Practice) лиценци за производство и дистрибуција на медицински канабис. Со производствените капацитети, лаборатории и партнери на повеќе европски пазари, PHCANN активно придонесува за сѐ подостапната и поголема примена на канабисот во медицината. Воедно, ја позиционира Европа како нов глобален центар за иновации во оваа сфера.

Според првиот човек на компанијата, амбициите на PHCANN се насочени кон развој и експанзија, а во таа насока е и склученото партнерство со брендот Tyson 2.0, во сопственост на легендарниот боксер Мајк Тајсон. Преку оваа соработка, PHCANN ексклузивно одгледува канабис, произведува и ги дистрибуира THC-производите на TYSON 2.0 во Германија и во Обединетото Кралство.

„Производите од овој бренд ги извезуваме повеќе од една година и имаме голем успех, затоа што и самиот Тајсон е пациент“, посочува Стефаноски.

Тоа и обезбедува на компанијата силен пазарен импулс, затоа што името Тајсон не само што предизвикува особено внимание, туку ужива и голема доверба. Целта е да се прошири понудата на производи засновани на канабис и што повеќе да се доближат до пошироката публика. Сето тоа преку спојот на медицинската експертиза и препознатливиот бренд.

Tyson 2.0 е премиум канабис-бренд основан во 2021 од Мајк Тајсон, преку компанијата Carma HoldCo, каде е и извршен директор. Информацијата за ексклузивниот договор беше објавена лани во април, а веќе јуни PHCANN официјално лансираше три премиум медицински сорти од Tyson 2.0 во Германија: Haymaker Haze, NYC Diesel, Tiger Milk. Tyson 2.0 користи лиценциран модел – договори со локални партнери за производство и дистрибуција на различни пазари. Овој бренд од лани е присутен и на пазарот во Тајланд.

Покрај стратешките партнерства од овој вид, PHCANN вложува и во изнаоѓање решенија потребни за пациентите, базирани и потврдени од науката. Притоа, поставувајќи високи стандарди за квалитет, ефикасност и регулаторна усогласеност.

И самиот настап на PHCANN во Лондон претставува сигнал за сериозноста и амбициите на компанијата. Настанот е од извонредна важност, затоа што претставува платформа на која ќе се сретнат, ќе разменат знаења и искуства светските регулатори, инвеститори, производители и експертите од областа на здравството. Притоа, PHCANN има значајна улога во поставувањето на агендата за иднината на индустријата. Како спонзор, компанијата ќе ја промовира својата посветеност на иновациите, високите фармацевтски стандарди и етичката практика во производството на производи базирани на канабиноиди. Целта е да се прошири понудата на производи засновани на канабис и што повеќе да се доближат до луѓето на кои им се потребни препарати од канабис за третман на нивното заболување.

Р.П.

Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

Клучни зборови

  • Cannabis Europa 2025
  • PHCANN International
  • медицински канабис
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk