Лозарите и винарниците почнуваат да испишуваат уште една винска приказна од Македонија. Бербата на грозје привршува, а винарниците веќе прават грозје од овогодишната берба. И годинава се судрија интересите на производителите на вино и лозарите. Лозарите велат дека се недоволно платени, апелираа дека е неисплатливо да се одржуваат насади во услови кога еден килограм грозје се плаќа колку една кеса за пазарење во маркетите. Производителите на вино, пак, велат дека плаќаат најмногу што можат и дека на различни начини го помагаат развојот на лозарството.
Порталот Пари, како и секогаш, ги анализира податоците на компаниите кои се во жариштето на настаните. Овој пат, тоа се големите винарници кои се пресудни и за развојот на лозарството во Македонија и за девизниот прилив, со оглед на тоа дека лозарството е втора извозна гранка во земјоделието – веднаш зад тутунот. Со извоз вреден 61,4 милиони долари, Македонија во 2021 година е позиционирана како 29. најголем извозник на вино во светот и втор најголем извозник во регионот. Притоа, петте најголеми винарници, според податоците од платформата Бизнис мрежа, направиле промет вреден 52,7 милиони евра, а тоа им донело профит од над…