Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ССК: Петтиот пакет да се донесе во јанаури, да има даночно олеснување

11 јан. 2021 г.·3 мин читање·3657 прегледи

Следете не на Viber

Економските мерки за поддршка на стопанството и намалување на штетните последици од кризата потребно е да имаат континуитет бидејќи само така може да се одржи економската активност на што поголем број правни субјекти и да се избегне загубата на работни места. Дисконтинуитетот во доделување на поддршката може да доведе до намалување на постигнатите ефекти и до забавување на излезот од кризата. Несоодветната имплементација или предвремениот прекин на економските мерки може да предизвикаат сериозни негативни ефекти во справувањето со кризата, чие надминување во тој случај ќе бара ангажирање на повеќе време и ресурси.

Деловните субјекти во земјава особено малите и средни претпријатија се уште се наоѓаат во исклучително тешка состојба, некои се уште со рестрикции во вршење на дејноста, но и оние кои можат да работат се соочуваат со намалена потрошувачка, откажани нарачки и пласмани.

Продолжување на финансиската помош за исплата на плата, неповратната финансиска помош како и бескаматните кредити се приоритетните мерки кои реалниот сектор очекува да продолжат и да траат најмалку до април. Во анкетата што ја направи Сојузот на стопански комори на Македонија деловните субјекти бараат петтиот пакет на економски мерки да содржи мерки за одржување на ликвидноста, мерки за даночно олеснување и одложување на даночните обврски, како и субвенции за задржување на вработените. Сојузот на стопански комори на Македонија до Владата ќе достави предлозите кои ги доставија претпријатијата за петтиот пакет на економски мерки.

Директна таргетирана финансиска помош во следните месеци е неопходна за опстојување и покривање на основните месечни трошоци. Потребно е и да се овозможи на оние на кои им е тоа неопходно одложување или репрограмирање на кредитите, аконтациите за даноци и другите  финансиски оптоварувања минимум до крајот на годината.

Апелираме за ефикасна и ефективна имплементација на мерките за намалување на сивата економија, што е неопходно особено во услови на криза за да се избегне даночна евазија. Не е добро средствата за поттикнување на потрошувачката да завршуваат кај нерегистрирани субјекти кои не придонесуваат во државниот буџет. Потребно е и да се интензивираат и активностите поврзани со имплементација на укинувањето на парафискалните давачки кои се дополнителен товар сред криза кога значително е намалена деловната активност на претпријатијата.

Неопходно е и да се подобри динамиката на имплементација на мерките од четвртиот пакет, бидејќи некои од нив како таа за државната кредитна гаранција се уште не се имплементирани.

Апелираме петтиот пакет на економски мерки да се донесе во јануари, со цел обезбедување на предвидливост и сигурност што е особено важно за планирање на активностите на економските субјекти за наредниот период. Тоа е важно за да нема прекин кај економските оператори кои немаат воопшто никакви или имаат значително намалени приходи поради рестриктивните мерки, на кои овие средства им се неопходни за да се зачуваат работните места.

Клучни зборови

  • eкономски мерки
  • апел
  • петти пакет
  • поддршка на стопанството
  • Сојуз на стопански комори
  • финансиската помош
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk