Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Приходите на „Пепси Ко“ опаѓаат, пандемијата ја погоди продажбата на пијалоци

14 јул. 2020 г.·2 мин читање·135 прегледи

Следете не на Viber

 

Глобалната компанија „Пепси Ко“ објави пад на кварталните приходи од продажбата на пијалоци за 3%. Падот се должи на тоа што помалку потрошувачи ги купувале нивните пијалоци во рестораните или продавниците, како последица на пандемијата на корона вирусот.

Од друга страна силен раст бележат производите со храна „Cheetos“ и овесните каши под капа на оваа компанија.

Главниот извршен директор Рамон Лагуарта ги унапредил инвестициите на Пепси и особено вложувал во развој на својата деловна е-трговија.

Компанијата во иднина планира да ги искористи научените лекциите од пандемијата, особено имплементирање на нови трендови на потрошувачите и заживување на заборавените навики, со цел да го придвижи бизнисот напред.

Тој вели дека неизвесноста од континуираната нестабилност со пандемијата, ќе мора да создаде нови навики во деловното работење.

Компанијата потрошила скоро 400 милиони американски долари за трошоци поврзани со пандемијата, вклучувајќи и лична заштитна опрема за вработените.

Лагуарта соопштил дека компанијата евидентирала знаци на подобрување во мај и јуни, бидејќи многу економии почнале повторно да се отвораат и потрошувачите продолжиле со некои од претходните навики. Но, „Пепси Ко“ се надева дека ќе ги задржи новите навики на некои потрошувачи, како што е нарачката преку интернет.

Клучни зборови

  • мерки
  • пандемија
  • пепси
  • рамон лагуарта
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk