Најголем дел од парите приватните задолжителни пензиски фондови ги пласираат во државните хартии од вредност. Со тоа ѝ позајмуваат пари на државата, што е сигурен пласман со гарантирани каматни стапки. Податоците што ги анализира Пари покажуваат дека во домашни државни обврзници, трите приватни задолжителни пензиски фондови: КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд, Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд и Триглав отворен задолжителен пензиски фонд, заеднички пласирале 1,95 милијарди евра. Вкупниот износ на инвестициското портфолио на трите фонда, пак, е 3,1 милијарда евра, што значи дека врзувањето во домашните државни обврзници опфаќа 62,9 насто од сите други видови инвестирање…