Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен РазвојПензиски Фондови

Пензиските пазари во фокус 2024

29 дек. 2024 г.·3 мин читање·2046 прегледи

Следете не на Viber

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) го објави најновиот број на изданието Пензиските пазари во фокус 2024.

Изданието на Пензиските пазари во фокус 2024 обезбедува детални и споредливи статистички податоци за пензиските системи базирани на средства ширум светот заклучно со 2023 година. Ова издание го споредува трендот на раст на средствата на пензиските фондови во 2023 година со долгорочните трендови и испитува дали продолжил процесот на воведување на пензиски фондови со дефинирани придонеси наместо пензиски фондови со дефинирани пензии. Податоците што се користат за подготовка на овој извештај се обезбедени од регулаторите од земјите во рамките на проектот на ОЕЦД за Глобална статистика за пензии.

Вредноста на средствата на пензиските фондови на крајот на 2023 година достигна 63,1 билиони УСД, во земјите коишто се членки на ОЕЦД, што значи зголемување за 10% во однос на 2022 година, односно зголемување повеќе од трипати во последните две децении. Исто така, вредноста на средствата на пензиските фондови во некои од земјите коишто не се членки на ОЕЦД порасна повеќе отколку во повеќето земји коишто се членки на ОЕЦД. Растот беше најголем во земјите коишто неодамна воведоа задолжителни пензиски фондови како што се Ерменија и Грузија.

Зголемувањето на вредноста на средствата делумно се должи на позитивните инвестициски перформанси на пензиските фондови заради поволните движења на пазарите на капитал. Во 2023 година светскиот индекс MSCI се зголеми за 20%. Цените на акциите на глобално ниво се зголемија бидејќи се намалија инфлациските притисоци и инвеститорите очекуваа намалување на каматните стапки. Растот на средствата се должи и на повисоките износи на придонесите во однос на износите за исплата на пензии, особено во земјите во коишто фазата на исплата на пензии сè уште не е започната или започнала неодамна и бројот на лица кои повлекуваат средства е мал.

Номиналните стапки на принос на пензиските фондови беа позитивни во речиси сите разгледувани земји и ја надминаа инфлацијата во повеќето од нив и во просек изнесуваа 10%. Сепак, земјите коишто не се членки на ОЕЦД се соочија со повисока инфлација, што во просек резултираше со пониски реални стапки на принос во однос на земјите коишто се членки на ОЕЦД.

Изданието на Пензиските пазари во фокус 2024 е на следната врска: Пензиските пазари во фокус 2024.

Клучни зборови

  • Пензиски пазари
  • пензиски фондови
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk