Од средствата на пензионерската солидарност минатата година биле исплатени речиси 8,5 милиони евра. Парите наменети за посмртна помош ги добиле 14.903 семејства кои загубиле близок човек и поднеле барање до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Со доброволна поддршка од повеќе од 320 илјади пензионери, во текот на 2025 година во Солидарниот фонд биле уплатени 1,92 милиони евра. Од нивните пензии, по претходно дадената согласност, месечно се издвојувале по 140 денари.
Од почетокот на годинава, износите се зголемени: месечно од пензиите се задржуваат по 150 денари, а посмртната помош е 40 илјади денари. Во декември лани одлуката беше донесена од регистрираната организација за Солидарен фонд, а ја потврди Управниот одбор на…