Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисФинансии

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ ДОБИВААТ ПОВИСОКИ ПЕНЗИИ, но не е спорна само висината на пензиите, туку и нивниот статус во општеството

13 сеп. 2024 г.·3 мин читање·2619 прегледи

Следете не на Viber

На први октомври и на први април, по 2.500 денари ќе легнат на пензионерските сметки. На 14. седница на Собранието, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, беше изгласан со 78 гласа „за“. Со усвоените измени, ќе има линеарно зголемување од вкупно 5.000 денари со цел, како што велат од Министерството за социјална политика, демографија и млади, обезбедување пораст на животниот стандард и подобар и поквалитетен живот на пензионерите.

За понатаму останува досегашната методологија за усогласување на пензиите со трошоците на живот двапати годишно (март и септември). Усогласувањето се прави според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоци на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просечно исплатена плата на сите вработени во државата во однос на полугодието кое му претходи.

Во услови на големи поскапувања како од изминатите две години, овие системски прилагодувања, велат дел од експертите, дека не се доволни, затоа што доаѓаат задоцнето, и затоа што не го компензираат целосно растот на цените, но може да се спречи раст на сиромаштијата.

Пензионерските здруженија потсетуваат на нивните барања – усогласувањето на пензиите да биде на 1 јануари и на 1 јули со што, како што посочуваат тие, на пензионерите нема да им се ускратуваат четири месеци од нивното тековно усогласување. При рапиден раст на трошоците на живот, нивниот предлог е од вкупното усогласување на пензиите да се одвои еден дел и да им се даде на пензионерите со пониски пензии. Тие нагласуваат дека не отстапуваат од барањата за утврдување на минимална пензија, која би била околу нивото на минималната плата.

Земјоделците, примателите на семејна пензија, лицата со хуманитарната пензија, пензионерите што влегуваат во првата група, од таканаречената втора и трета група месецот се најзагрижените и најреволтираните бидејќи сметаат дека инфлацијата со поголем процент им ја јаде пензијата.

Пензионерите на протестите истакнуваат дека не е спорна само висината на пензиите, туку и нивниот статус во општеството. Тие очекуваат да се најдат решенија и за зголемувањето на пензиите, за оние со најниски примања, но и за бесплатни лекови и болничко лекување.

Во предлозите што ги доставиле тие до работната група во насока на унапредување на формулата за усогласување на пензиите, предлагат да биде постојната регулатива за усогласување на пензиите односно 50 проценти раст на платите и 50 проценти трошоци на живот, но доколку има материјални можности да се зема секогаш поповолниот процент, а не средната вредност од овие два параметра. За доближување на разликите на нивоата на пензиите, пак, предлагаат да се предвиди одредено дегресивно усогласување на пензиите.

– Тоа значи во одреден временски период кога имате рапиден раст на трошоците на живот, од вкупното усогласување на пензиите да се издвои еден дел и да се даде на помалите пензии. Ние сметавме дека овој начин нема да предизвика некаков дефицит во Фондот бидејќи во утврдениот процент само ќе направите распределба на усогласуваењето на пензиите. Таков начин е познат во пензискиот систем, но пак ќе нагласам дека тоа би било усогласување во одреден временски период кога следејќи ги пензиите и учеството на просечната пензија во однос на просечната плата,  ако видите дека таа многу заостанува. Ако е многу помалку од 60 проценти е аларм дека треба да преземете некои мерки во делот на усогласување на пензиите – посочува претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери Станка Трајкова.

Клучни зборови

  • линерано зголемување
  • пензии
  • пензионери
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk