Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Имаме 18 пензионери кои уживаат пензија од 53.000 денари

22 јун. 2020 г.·3 мин читање·554 прегледи

Следете не на Viber

Во мај годинава имало 215 пензионери со пензија над 51.000 денари. 18 пензионери го земале највисокиот износ од 53.371 денари, покажуваат последните податоцин на Фондот за пензиско. Или вкупно 1.287 пензионери во земјава се водат како пензионери со највисоки пензии, а распонот на нивните месечни примања по основ на пензија е од 39.356 до 53.371 денари во зависност од годината кога го стекнале правото. Најголем дел или 916 се со пензија од 40.998 денари.

Вкупниот број на пензионери пак се искачил на 324.181 лица додека просечната пензија во мај изнесувала 15.313 денари.

Најнизок износ на пензија  земале 76.637 пензионери, од кои 57.436 пензионери за остварено право од 01.01.2002 година до денешен датум.  Останатите 19.201 се за оставрено право до 1996 и за периодот 1997- 2002 година. Најнискиот износ на пензија за најголемата група на корисници на ова право се движи од 10.179 денари до 11.359 денари, во зависност од групата на која што припаѓаат.

Податоците на Фондот за пензиско за мај годинава покажуваат дека само во месец мај имало нови 1.631 пениоери на списокот на ПИОМ. Од нив најголем дел биле мажи 1.093 а остатокот жени и најголем дел, 1.273 се стекнале со правото на старосна пензија. Од друга страна пак, имало 1.442 починати пензионери, од кои 1.162 биле мажи.

Податоците покажуваат дека од 324.181 пернзионери најмногу 322.894 се стекнале со право на пензија по работен основ. Други 1.147 стекналеправо на пензија како поранешни воени лица, а само 140 биле земјоделци и по тој основ оствариле право на пензија.

Т.Д

Клучни зборови

  • корисници
  • пензии
  • Пензија
  • пензионери
  • пиом
  • статистика
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk