Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

„Пелистерка“ со газирана формула: Помала продажба, тројно поголем профит

3 апр. 2025 г.·2 мин читање·2281 прегледи

Следете не на Viber

Намалени приходи за 5,57 отсто, за 6,65 проценти пониски трошоци и добивка со раст од 321,28 насто. Тоа се резултатите од минатогодишното работење на „Пелистерка“. Од компанијата образложени со: „има незначително намалување на приходите од основната дејност“; „расходите во споредба со минатата година се намалени, а тоа се должи на фактот што се намалени и приходите“; „финансискиот резултат е зголемен во споредба со минатата година“.

Бројките од билансот на успех покауваат дека „Пелистерка“ лани остварила оперативни приходи од 483.779 илјади денари или 7,8 милиони евра. За половина милион евра помалку во однос на претходната 2023 година. Приходите од продажбата  се пониски за 2,88 проценти и се на ниво од 7,84 милиони евра.

Продажбата на домашниот пазар опаднала за 2,9 отсто. Преклани водите и соковите обезбедиле прилив од нешто над осум милиони евра, а во 2024 – 482.427 илјади, односно 7,84 милиони евра. Како што посочуваат од компанијата „извозот е зголемен“. Има придонес од 92 илјади денари.

Залихи на готови производи на почетокот од годината биле во вредност од 566,8 илјади евра, а на крајот од 2024 – 645,3 илјади евра.

А, оперативните расходи од 7,8 милиони евра во 2023, во текот на 2024 година се скратени на 7,3 милиони евра.

Што се однесува до крајниот резултат, „Пелистерка“ има добивка од 18.549.000 денари или 301,6 илјади евра. За споредба, 2023 година била заокружена со профит 4.403.000 денари, односно 71,6 илјади евра.

Исполнувањето на планот за производство и продажба е на задоволително ниво, посочуваат од „Пелистерка“.

Компанијата има издадено 50.180 хартии од вредност. Последниве 52 недели, покажуваат берзанските податоци, имало три тргувања. Според последното од 19 март годинава, просечната цена за акција е 2.619 денари

Клучни зборови

  • добивка
  • пелистерка
  • приходи
  • финансиски резултати 2024
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk