Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

„Пекабеско“ со приходи од близу 100 милиони евра

2 апр. 2025 г.·2 мин читање·1302 прегледи

Следете не на Viber

Производството на сувомесни производи и дистрибуцијата на храна и цигари лани на „Пекабеско“ му обезбедиле приливи од 97 милиони евра. Добивката е во износ од 2,9 милиони евра, поради тоа што трошоците на компанијата се високи – 93,8 милиони евра.

Консолидираните приходи се за осум проценти поголеми споредено со претходната 2023 година, а расходите за седум насто. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 98,7 отсто имаат приливите остварени со продажба на готови производи, стоки и услуги, посочуваат од „Пекабеско“. Притоа, од извозот се инкасирани 12,3 милиони евра. Овој резултат се должи на деветпроцентниот раст забележан кај извозната активност.

Во текот на минатата година реализирани се и инвестиции од 1,6 милиони евра. Главните вложувања се направени во градежни објекти, производствена, транспортна и компјутерска опрема.

Во образложението за постигнатите резултати од компанијата наведуваат дека за 12 проценти е зголемена нивната солгорочна консолидирана задолженост, која на крајот од 2024 е во износ од 3,8 милион и евра.

Производите на „Пекабеско“, чие годишно производство достигнува девет илјади тони, ги има во регионот – Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, но и на европските пазари. Од 2018 година компанијата е на листата одобрени објекти на Европската комисија за извоз на храна од Македонија.

Клучни зборови

  • дистрибуција
  • Извоз
  • Пекабеско
  • приходи
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk