Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

„Пекабеско“ со позитивни финансиски резултати

12 мај 2023 г.·2 мин читање·1063 прегледи

Следете не на Viber

Позитивни се финансиските резултати што „Пекабеско“ АД ги остварил од јануари до март годинава. Работните активности обезбедиле нето добивка по оданочување од 17,563 илјада денари или противвредност на 285,2 илјади евра, која е повисока од минатогодишната – 257,4 илјади евра (15,854 илјади денари) остварена во истиот период.

Приходите од работењето се во вкупен износ од 1.166 милиони денари или 18,9 милиони евра и во споредба со истиот период лани бележат еднопроцентно зголемување. Со 99 отсто, во структурата на приходите преовладува продажбата на готови производи, стоки и услуги. Притоа, пласманот на домашниот пазар донел 16,3 милион и евра (1,006,666 илјада денари), на странскиот – 2,4 милиони евра (149,755 илјади денари).

Остварените вкупни консолидирани расходи изнесуваат 18,8 милиони евра (1.160 милиони денари). Во однос на споредбениот период се повисоки за два насто.

Во овој тримесечен период има инвестиции во производствена и канцелариска опрема, за што се искористени 308,5 илјади евра (19 милиони денари).

Вработеноста е за девет проценти пониска од минатата година и на 31 март „Пекабеско“ функционирал со 438 вработени.

Клучни зборови

  • инвестиции
  • Пекабеско
  • приходи
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk