Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Пецовски и Котески купија акции на „Реплек“

25 јун. 2025 г.·2 мин читање·3473 прегледи

Следете не на Viber

Владимир Пецовски, еден од поголемите акционери на скопската фармацевтска компанија и Коста Котески – заменик генерален директор, купија акции издадени од „Реплек“. Со ново купените 40 акции, братот на генералниот директор во моментот поседува 6,37 проценти од почетниот капитал.

За оваа промена од „Реплек“ информираа преку ценовно чувствителната информација објавена на Македонска берза:

„Акционер со над 5% Пецовски Владимир се стекна со 40 нови акции, со што поседува вкупно 16.500 или 6,37% од вкупниот број на акции.

Членот на Управниот одбор на Реплек АД Скопје, Котески Коста се стекна со 10 нови акции при што вкупно поседува 390 обични акции“.

На овој начин и двајцата повремено ја манифестираат довербата во стабилноста и перспективноста на „Реплек“. Котески, дест акции купи и во април, а претходно и во февруари.

По која цена ги платиле акциите, не е познато. Вчерашната просечна вредност беше 15.463,46 денари, со дневна промена од плус 1,55 проценти. На официјалниот пазар биле истргувани 256 акции, а прометот изнесувал 3.958.650 денари, односно 64,3 илјади евра.

Клучни зборови

  • Владимир Пецовски
  • Коста Котески
  • Македонска берза
  • Реплек
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk