Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Едукација

6 начини со кои може да постигнете висока стапка на пазарна пенетрација на производот

15 сеп. 2020 г.·3 мин читање·322 прегледи

Следете не на Viber

Во претходниот текст, „Што е стапка на пазарна пенетрација и зошто е важна за развој на бренд? дадовме дефиниција и ја опишавме теоријата за феноменот на пенетрација на пазарот. Се поставува прашањето  како може да се постигне голема и успешна пенетрација на пазарот.

Зголемувањето на стапката на пенетрација бара сериозна стратегија и збир на чекори што ќе ги преземете за да достигнете поголем број на корисници. Ако сте претприемач, ви предлагаме неколку начини да започнете.

1. Променете ги цените

Без разлика дали вашите цени се пониски или повисоки од моменталните на пазарот, ако забележите дека веќе не се случува ништо и дека луѓето немаат контакт со вас онолку колку што сакате или очекувате, обидете се да ги промените цените. Советот не мора да биде да ги намалите. Луѓето понекогаш не купуваат поевтини производи затоа што не веруваат во нивниот квалитет.

2. Променете го вашиот маркетинг план

Овој совет е логичен, бидејќи ако имате проблем со ниска стапка на пенетрација на пазарот, тогаш сигурно треба веднаш да реагирате за да го промените на микро ниво.

Обидете се да примените разни тактики. Препишете промотивни текстови, променете ја целната публика преку дигитални кампањи или побарајте нов слоган.

3. Анализирајте ги потребите на пазарот

Можеби пазарот е презаситен и не е потребен производ како вашиот. Затоа, направете детална анализа и обидете се да најдете одговор на прашањето дали на вашиот таргет пазар му треба нешто друго што можете да го понудите.

4. Променете го производот

Производот можете целосно да го елиминирате од понудата, а исто така можете да промените некои од неговите функционалности, со цел да достигнете нови заинтересирани страни или да привлечете луѓе кои се презаситени со истата понуда од вашата конкуренција.

5. Пронајдете нов партнер

Понекогаш поврзувањето со луѓе од иста или поврзана област е решение што може да ве лансира високо. Можеби има некој со кого можете да соработувате и со заедничко задоволство да дојдете до решение за проблемот што го имате.

6. Направете промотивна понуда

Лојалните клиенти треба да се негуваат, па не заборавајте да ги наградувате од време на време со некои понуди што другите можеби ги немаат. Организирајте промотивни настани или дајте им специјални понуди за да ве препорачуваат.

Ова се само некои од начините на кои можете да го зголемите уделот на пазарот. Сите брендови се стремат кон успех на ова поле, а многумина се заплашени од големината на конкуренцијата.

Работата на маркетинг професионалците е да создадат најдобра можна стратегија за добар пробив на пазарот спонтано и квалитетно. Затоа, запишете се на обука за маркетинг менаџмент и стекнете нови релевантни знаења за да го насочите вашиот бренд во вистинската насока.

Клучни зборови

  • вредност
  • макроекономија
  • пазарна пенетрација
  • цени
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk