Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Paysera Македонија – Прва лиценцирана институција за електронски пари во Македонија

7 јул. 2025 г.·3 мин читање·2948 прегледи

Следете не на Viber

Финансискиот сектор во Македонија бележи значаен напредок – доделена е првата лиценца за издавање електронски пари. Народната банка ѝ ја издаде оваа лиценца на компанијата Paysera Македонија, подружница на еден од најстарите и највлијателни финтек провајдери во Европа.

Со ова, Paysera Македонија официјално станува првата институција за електронски пари (EMI) во државата, што отвора нови можности за дигитализација на плаќањата, побрзи трансфери кон и од странство, како и намалени трошоци за корисниците.

Што значи ова за граѓаните и за бизнисот?

Основачот на македонската подружница, Башким Зеќири, вели дека ова е важна вест за граѓаните и за компаниите кои имаат потреба од едноставна, сигурна и ефикасна алтернатива за меѓународни трансакции.

„Ова се одлични вести за граѓаните на Северна Македонија. Нудиме широк спектар на дигитални решенија за плаќање и беспрекорна интеграција со глобални платформи.

Главни корисници ќе бидат фриленсерите, корисниците на Airbnb и компаниите за увоз-извоз, кои сега ќе уживаат во побрзи и попристапни трансфери на пари до и од земјите на ЕУ и другите пазари каде што работи Paysera“.

Зеќири, исто така, изразува и благодарност до Народната банка:

„Многу сме среќни што работевме со толку професионален и поддржувачки тим во Народната банка, кој нè водеше низ целиот процес на лиценцирање“.

Потенцијалните корисници можат да очекуваат иновативни, сигурни и достапни финансиски решенија, прилагодени на современите потреби. Во моментот се работи на техничката интеграција на услугите, а целосното пуштање во работа се очекува до крајот на годинава.

Кои се Paysera?

Основана во 2004 година во Литванија, Paysera денес претставува етаблирана европска финтек компанија со повеќе од еден милион активни корисници, која располага, во просек, со по 500 милиони евра на корисничките сметки. Според податоците од нивната веб страница, во 2023 година оствариле приход од 10,6 милиони евра и нето добивка од седум милиони евра. На годишно ниво се обработуваат трансакции во вредност од над 11,2 милијарди евра.

Paysera работи со лиценца за електронски пари издадена во Литванија од 2012 година и е активна во повеќе од 100 земји низ светот.

Клучни зборови

  • Paysera Македонија
  • електронски пари
  • лиценца
  • Народна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk