Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Крипто

PayPal овозможи плаќање со криптовалути за милиони трговци

13 апр. 2021 г.·2 мин читање·1997 прегледи

Следете не на Viber

Американска компанија за плаќања PayPal, објави дека американските потрошувачи можат да плаќаат со крипто-валути преку Интернет низ целиот свет. Тоа може значително да ја зголеми употребата на дигитални средства во секојдневната трговија.

Клиентите кои имаат криптовалути во дигиталните паричници на PayPal, сега ќе можат да ги претворат во таканаречени „фиат валути“ на фискалните каси за да извршат набавки, соопшти компанијата.

Услугата ќе им биде достапна на 29 милиони трговци во следните месеци, соопшти компанијата.

„Ова е прв пат да можете лесно да користите криптовалути на ист начин како кредитна картичка или дебитна картичка во вашиот паричник во PayPal“, изјави за Ројтерс претседателот и извршен директор на PayPal, Дан Шулман.

Новата услуга овозможи PayPal да стане една од водечките финансиски компании што ја отвораат својата мрежа за крипто-валути.

Биткоинот има скоро двојно зголемена вредност од почетокот на оваа година, поттикнат од зголемениот интерес на поголемите финансиски компании кои се обложуваат на проширување на влијанието и употребата на крипто-валути и кои сметаат дека тоа е заштита од инфлација.

Лансирањето на PayPal доаѓа помалку од една недела откако Тесла објави дека ќе започне со продажба на своите возила и за биткоини. За разлика од трансакциите на PayPal каде трговците ќе добиваат „фиат валута“, Тесла изјави дека ќе ги задржи биткоините добиени со продажба на автомобили.

Како и да е, бидејќи новиот вид валута станува сè попопуларен меѓу големите инвеститори, таа сè уште нема да стане распространета форма на плаќање, делумно поради нејзината постојана нестабилност.

PayPal се надева дека нивните услуги ќе го променат тоа и дека крипто-валутите од активата што сега претежно се користат за купување, чување или продавање ќе станат извор на финансирање за реални трансакции со милиони трговци.

Клучни зборови

  • paypal
  • Биткоин
  • крипто
  • Пејпал
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk