Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Компанијата PayPal објави дека го напушта проектот на Facebook за криптовалутата Libra

9 окт. 2019 г.·2 мин читање·764 прегледи

Следете не на Viber

Компанијата PayPal објави дека го напушта проектот на Facebook за криптовалутата Libra, по веста дека неколку компании размислуваат да ја повлечат првичната поддршка за таа криптовалута.

 

 

Paypal во соопштението наведе дека ја напушта Libra Association, непрофитно раководно тело кое управува со криптовалутата Libra, истакнувајќи дека и понатаму ги поддржува напорите на Libra, но дека во моментот сака да се фокусира на својата работа.

Тоа ќе создаде нови проблеми за проектот на Facebook, откако финансиските власти, особено во Европа, со неверување ги дочекаа вестите за лансирањето на криптовалутата.

Засега не е целосно јасно зошто PayPal го напушти проектот Libra, но пред неколку дена е објавено дека неколку компании, како што се Visa и Mastercard, имаат резервиран став по прашањето за криптовалутата, откако банките и владите ширум светот почнаа да се сомневаат во проектот.

Одговарајќи на одлуката на PayPal, Данте Дисперте, шеф на политиката и комуникациите во Libra Association, истакна дека секоја организација која „го започнала ова патување“ мора да ги преиспита сопствените ризици и награди кои одат заедно со промените кои Libra ги ветува.

Иако оваа одлука на PayPal е значителен удар за Libra Association, двете компании би можеле повторно да се обединат во иднина ако се подобри регулаторната состојба.

Извор: Investitor.me

Клучни зборови

  • крипто-валути
  • Либра
  • Пејпал
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk