Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Крипто

PayPal сака да лансира сопствена криптовалута

10 јан. 2022 г.·2 мин читање·1236 прегледи

Следете не на Viber

PayPal размислува за лансирање сопствена криптовалута која би била врзана за американскиот долар, додека истовремено оваа компанија за онлајн плаќање продолжува да ги интегрира начините за интеракција со дигиталните пари нa своите платформи.

Засега ја истражуваат идејата за пуштање во употреба на т.н. stablecoin, односно криптовалута која ја поддржува постојната валута и чија вредност е поврзана со таа валута, а тоа PayPal го потврди за Bloomberg.

Девелоперот Стив Моусер пребарувал по апликацијата PayPal и открил докази дека компанијата испробува нешто со криптовалутата наречена PayPal Coin. Моузер пронашол и референци за уште една криптовалута, Neo, во апликацијата на PayPal за iOS уреди. Своите откритија ги објавил на својата интернет страницаThe Tape Dive.

PayPal моментално поддржува купување, продавање и чување на биткоин, биткоин кеш, етереум и лајткоин. PayPal на корисниците им овозможи држење нa криптовалути од октомври 2020 година, а во март минатата година овозможи и купување на стоки и услуги со поддржаните криптовалути.

PayPal не наплаќа провизија за чувањето на криптовалутите, но затоа зема провизија за трансакциите од 2,3% или помалку. Засега е непознато до кој степен PayPal ја развил својата криптовалута, а одбиваат да ги коментираат наводите.

Клучни зборови

  • paypal
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk