Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Payoneer соработува со Mastercard за да понуди дигитална картичка за набавка

16 мар. 2021 г.·2 мин читање·2802 прегледи

Следете не на Viber

Оваа вест, ќе им овозможи на малите бизниси да прават глобални набавки и да се поврзат со мобилни паричници. Тоа значи дека доаѓа време на зголемена конкуренција на пазарот на „виртуелни картички“.

Mastercard картичката од Payoneer ќе им овозможи на клиентите на компанијата да вршат глобални набавки, да се поврзуваат со мобилни паричници и дигитално да пристапуваат до повеќе картички кои помагаат во насочување на деловните трошоци, како што се рекламни услуги од Google, Facebook и Amazon.

„Малите бизниси ќе имаат овластување да избираат како плаќаат и да имаат непосреден пристап до заработените средства, што е критично бидејќи побарувачката за дигитални плаќања продолжува да се забрзува“, изјави за CNBC Шери Хајмонд, извршен потпретседател на дигитални партнерства на Mastercard.

Договорот меѓу Payoneer и Mastercard доаѓа во време на невиден пораст на побарувачката за бесконтактни и дигитални решенија за плаќање за време на пандемијата, што им користи на технолошките гиганти како Епл, како и на финтех компаниите, вклучувајќи ги Square и PayPal.

На платформата на Payoneer има повеќе од 5 милиони корисници, а компанијата работи со повеќе од 150 различни валути, специјализирани за прекугранични плаќања. Airbnb, Amazon, Google и хонорарни платформи за работни места како што се, Upwork.

Payoneer, кој беше рангиран и на списоците на CNBC Disruptor 50 во 2017 и 2018 година, беше основан во 2005 година од страна на Јувал Тал, израелски претприемач, кој помогна да започнат други компании за плаќање преку технологија и е-трговија. Скот Галит се приклучи на функцијата извршен директор во 2010 година по повеќе од две години во Mastercard.

Клучни зборови

  • Mastercard
  • Payoneer
  • соработка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk