Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Payoneer и Mastercard влегоа во партнерство од кое може да имаат голема полза малите и средни претпријатија претпријатија 

2 апр. 2021 г.·2 мин читање·1201 прегледи

Следете не на Viber

Payoneer Mastercard дигиталната картичка за купување го олеснува начинот на кој малите и средни претпријатија ги користат своите заработки за да инвестираат. 

Payoneer која е глобална платформа за поддршка на плаќање и трговија што помага да растат милиони дигитални фирми ширум светот, склучи партнерство со Mastercard. Првиот резултат на оваа соработка е картичката Payoneer Mastercard, специјално прилагодена за мали и средни бизниси (МСП), трговци на Интернет и хонорарци од целиот свет, а Payoneer и Mastercard тесно ќе соработуваат за подобро да ги задоволат потребите на пазарот B2B.

Партнерството дојде непосредно откако Payoneer објави дека станува јавно ограничено друштво преку трансакција со компанија за преземање специјална намена, со што вредноста на Payoneer достигна околу 3,3 милијарди долари. Mastercard ќе му овозможи на Payoneer пристап до нови иновативни производи и поволности за подобро задоволување на потребите на клиентите, додека Mastercard ќе го искористи глобалното присуство на Payoneer во сегментот B2B и ќе добие пристап до екосистемот на платформата од над 5 милиони компании.

Благодарение на картичката за дигитални купување Payoneer Mastercard, компаниите што добиваат плаќања преку Payoneer ќе ги искористат следниве придобивки:

Моментален пристап до средства што сега можат да ги вложат во нивниот раст преку дигитални платформи за рекламирање како што се Facebook и Google, пристап до повеќе картички, олеснување на управувањето со трошоците за компаниите на платформите, онлајн продавниците и линиите на производи, и др. 

„Ова партнерство со Мастеркард е голем чекор со кој нашите клиенти имаат уште еден лесен начин да пристапат и да ги потрошат своите средства од продажбата на пазарот и трговијата Б2Б“, рече Чарлс Розенблат, стратешки директор на Payoneer.

Клучни зборови

  • Mastercard
  • Payoneer
  • кредитна картичка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk