Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Павле Гацов – ДДВ-то во „илегала“, Славко Лазовски – знак за опаѓање на довербата во власта

3 апр. 2023 г.·3 мин читање·1595 прегледи

Следете не на Viber

Високиот раст не цените за првите два месеци од 2023 година не испорача висок раст на приходите од ДДВ во Буџетот на Македонија!!?? Напротив. Нето приходот од ДДВ за првите два месеци од 2023 година има пад од 6,3% споредено со истиот период претходната година. (Бруто приходот од ДДВ во 2023 година има скромен раст од 1%)  – Фејсбук статус на даночниот експерт Павле Гацов, кој предизвика внимание и надвор од просторот на социјалната мрежа.

Во продолжение, Гацов пишува:

„За илустрација, цените (инфлацијата) во истиот период имаат раст од 16,9%

Од овие две бројки (6,3 + 16,9) се добива реалниот пад на нето приходот од ДДВ за повеќе од 23%!!????

Даноците на доход (данок на личен доход и данок на добивка) имаат добра наплата за правите два месеци.

Наплатата на овие два даноци ќе продолжи добро и во наредниот период (зголемена минимална плата, зголемена просечна плата, исплата на дивиденди…).

За данокот на добивка на ред се најиздашните месеци – март и април.

Добар раст имаат и социјалните придонеси (18%), исто така темелен на растот на платите, од април натаму нивниот раст ќе биде уште подобар заради растот на платите“.

Во прилог на напишаното Гацов објавува и табела од која се гледа како во првите два месеци се слевале пари во Буџетот.

Со свој коментар се надоврзува и Славко Лазовски, даночен експер во пензија, кој работниот век го мина во Министерството за финансии.

„Одложувања, па и откажувања на крупните купувања, кои не се неопходи за купувачот. Приходите на ДДВ од сите видови даноци имаат најизразита политичка димензија. Штом приходите опаѓаат значи и опаѓа довербата во владејачката гарнитура. ДДВ е најсеопфатната анкета на граѓаните, а не по репрезентативен примерок. Трето, време е да се изврши притисок на УЈП да го ‘отвори’ серверот за да се извлечат најкорисните податоци за бизнисот: што најмногу се купува, во кој дел од денот и сезони, по места (градови), за да се прават: предметни, временски и територијални анализи. Тоа би било уште една голема придобивка од ДДВ“.

Клучни зборови

  • Павле Гацов
  • Славко Лазовски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk