Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Патрик Мартенс се сретна со заменик министерот за економија Колемишевски

6 дек. 2019 г.·2 мин читање·289 прегледи

Следете не на Viber

Активностите на Делегацијата на германското стопанство, поддршката која ја дава Делегацијата на германските компании кои сакаат да се етаблираат на македонските пазар, како и македонските компании кои сакаат да  влезат на германскиот пазар со своите компании или услуги, беа тема на разговор на средбата меѓу директорот на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, Патрик Мартенс и заменик министерот за економија Кирил Колемишевски.

Мартенс, како што информираат од Делегацијата на германското стопанство, говореше за редовните средби на претставниците на гермaнски, македонски и други интернационални компаниите со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев кои, како што посочуваат, служат за изнаоѓање на заеднички решенија со цел подобрување на состојбите во стопанството.

Посебен акцент ставил на успешниот проект за дуалното стручно образование кој втора година по ред по германски терк го спроведува Делегацијата.

-Дуалното стручно образование е застапено во пет градови, пет технички училишта и 10 компании. Веќе 135 ученици во земјата се решија за овој модел на едукација, рекол Мартенс.

Колемишевски, пак, информирал дека Владата презема активни мерки за да го намали одливот на работоспособен кадар. Исто така, посочил, дека е направена реформа за средно образование, која ќе го подигне нивото на средното стручно образование и ќе произведува кадар подобро подготвен за пазарот на трудот.

Тој покажал интерес за конкретните барања на компаниите и сферите во кои постои најголема потреба од поддршка и споделил со Мартенс дел од планираните мерки за 2020 година кои се наменети за подобрување на стопанството и конкретна поддршка на стопанствениците.

Двајцата како исклучително важна ја оцениле потребата од навремено информирање на компаниите доколку се планирани одредени законски измени и нивно вклучување во процесот на изработка на законите. Според нив, само на тој начин ќе се преземат соодветните мерки и ќе се донесат оптимални законски одредби.

Извор: Сител Телевизија

Клучни зборови

  • Делегација на германско стопанство во Македонија|златен спонзор|компании|МАМЕИ|Халк банка АД Скопје
  • заменик министер
  • Кирил Колемишевски
  • компании
  • Министерство за економија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk