Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Патарините носат милионски суми: И од лоши патишта голем ќар

27 мар. 2023 г.·3 мин читање·3169 прегледи

Следете не на Viber

Повеќе од 53 милиони евра се слеале преку наплатните станици за платените патарини. Прометот е остварен во текот на минатата година и со 6,6 милиони евра ги надминуваат остварените 46,6 милиони евра во 2021. Износот е солиден, што не може да се каже и за добар дел од патиштата низ земјава.

Најголем дел од средствата се инкасирани на наплатната станица кај Романовце, над 6,5 милиони евра. Следат патарините кај Миладиновци со повеќе од 4,3 и кај Глумово со речиси 4,2 милиони евра, информира преку МИА Јавното претпријатие за државни патишта.

Патарината во Градско придонела со нешто над четири милиони евра, Желино  со 3,9, Гевгелија -3,8, Петровец 3,3, Тетово – 3,2, Сопот со 3,1, Отовица – 3,04, Демир Капија – 2,7 и Гостивар со 2,6 милиони евра.

Новите патарини, пак, кои се во употреба од 18 јули лани, Преод и Кадрифаково на патниот правец Миладиновци – Свети Николе – Штип, во вкупниот износ учествуваат со 1,3, односно 1,1 милион евра.

Сепак, постојат разлики во цената на патарините по категории, а факт е дека Сопот и Отовица се единствените кои имаат наплатни кабини во само еден правец.

Граѓаните најчесто патарината ја плаќаат во кеш, односно тоа е забележано со 55 проценти, додека примента на платежни картички опфаќа околу 15 отсто. Уделот на електронската наплата, воведена како опција пред речиси четири години, велат од ЈПДП, е во пораст. Конкретно, таму каде што има можност, надминува една третина од наплатата, при што на овој начин се реализирани 5,3 милиони евра. Податоците покажуваат дека од 2019 па до сега се продадени 144.591 парчиња М-Смарт картички и 17.412 М-Таг уреди, или вкупно 162.003 електронски уреди. Исто така, регистрирани се 851.272 поединечни надополнувања на електронските уреди.

За потсетување, во рамките на „Отворен Балкан“ меѓу Македонија, Србија и Албанија треба да се воспостави единствен систем за електронска наплата, што е договор кој произлезе на охридскиот самиот. Оттаму, во тек е постапката за техничко и финансиско усогласување, со што ќе нема непотребно задржување на наплатните рампи.

Возачите плаќаат патарини, но се незадоволни од состојбата на македонските патишта. Поплаките се чести особено од професионалните возачи, кои упатуваат на тоа дека работата трпи поради лошите услови на патиштата. Всушност, на состојбите во овој домен укажуваат и странците, со препорака – направете ги патишта  за да ја кренете економијата. Релноста, пак, покажува – дупките не се санираат редовно, а изградбата на нови патишта може да трае со години, како што е случајот на релацијата Кичево – Охрид, каде што изградбата почна во веќе далечната 2014.

Според владините најави, годинава ќе има силна градежна експанзија, а и ЈПДП има најголем буџет досега, предвиден за изградба и рехабилитација на државните патишта, при што за инвестиции се планирани 486 милиони евра. Меѓу другото, се посочуваат активности за изградба на 140 километри автопат на коридорите 8 и 10, за што од државниот буџет се издвојуваат 244 милиони евра.

Клучни зборови

  • патарини
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk