Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ПАРНО И ЧИСТ ВОЗДУХ: Со новата гасна централа мрежата во Скопје се проширува за 36.000 корисници

16 фев. 2024 г.·3 мин читање·1216 прегледи

Следете не на Viber

Како земја што 30 отсто од своите енергетски потреби ги задоволува преку увоз, во Македонија се потребни сериозни вложувања во овој сектор со цел значително да се намали зависноста од флуктуациите на странските пазари. Во таа смисла, може да се очекува дека стратешките инвестиции во енергетиката значително би ја подобриле состојбата и со тоа би обезбедиле стабилно станбдување со струја за граѓаните и за стопанството.

Дел овие проекти е и стратешката инвестиција на меѓународната компанија „Митилинеос“ во новата зона што е дел од Дирекцијата за Технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ), „Енергија Скопје“. На дел од просторот на поранешна Железарница ќе се гради високоефиасна когенеративна постројка која што со природен гас ќе произведува електрична енергија, а секундарен продукт од тој процес ќе биде топлинската енергија. Како резултат на тоа, жителите на Скопје ќе добијат можност да го променат начинот на кој што сега ги загреваат домовите.

– Потребата од топлинска енергија во Скопје во 2023 година беше 510 гигавати, а централата на „Митилинеос“ ќе произведува 275 гигавати. Имаме разлика која е израз на потребата за затоплување на домовите во Скопје. Со изградбата на оваа централа, таа потреба ќе биде задоволена, а со тоа ќе се обезбеди и топлинска енергија за дополнителни 36.000 домаќинства во главниот град – изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во еден од своите медиумски настапи.

Енергетската транзиција на Северна Македонија e стратешки приоритет од којшто најголема корист и придобивки ќе имаат граѓаните и економијата. Инвестициите, како оваа во когенеративната централа во новата зона „Енергија Скопје“, ќе придонесат и за намалување на загадувањето на воздухот во главниот град. Моментно, огромен број домаќинства користат огревно дрво за да ги затоплат домовите, а тоа има значаен придонес во обемот на ПМ-честички. Со новата централа граѓаните ќе можат да воведат нов начин на греење којшто е еколошки.

– Енергетиката не знае политика, познава само стратегија. Да заклучам: во овие две години имаме околу 600 мегавати инсталиран енергетски капацитет од обновливи извори, наспроти претходно околу 150 мегавати. Ние сме должни се да направиме граѓаните да имаат струја и парно и да направиме се за цените да бидат стабилни и сметките намалени – рече директорот на Агенцијата за енергетика Дарио Николовски во едно од своите разговори со медиумите.

Системот на парно во Скопје сега има 58-59.000 потрошувачи. Покрај електрична енергија, новата централа ќе произведува и топлина која што ќе биде доволна за да се загреат над 36.000 домаќинства. Тоа значи дека во проширената топловодна мрежа ќе можат да се приклучат речиси 100.000 корисници.

Се проценува дека оваа стратешка инвестиција ќе ги создаде сите потребни услови да се прошири топлификациската мрежа во Скопје и на граѓаните да им овозможи да не зависат од огревното дрво. Резултат од сето ова ќе биде значително подобрен квалитет на воздухот во главниот град.

Клучни зборови

  • ГАСНА ЦЕНТРАЛА
  • Енергија Скопје
  • ТИРЗ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk