Добивка од 387 милиони евра оствариле во текот на минатата година 68 од 93-те друштва што котираат на Македонска берза. За 10,96 проценти повисоко остварување во споредба со претходната 2023 и тогашните 348,7 милиони евра.
Најголемите пари се кај банките, односно банкарството е убедливо најпрофитабилната дејност. Во вкупната добивка партиципира со 52,97 проценти. Или, профитот на седумте банки има поголема тежина од другите друштва, 61 на број, кои припаѓаат на девет дејности. Со удел од 47,03 отсто.
Со загуба 2024 година ја заокружиле 18 друштва, чиј заеднички минус е 19,6 милиони евра. И покрај тоа што во 2023 имало плус уште една компанија која пријавила минус од работењето, вкупниот износ од 24,1 милион евра бил повисок.
Пари ги анализираше податоците од официјалниот берзански преглед на финансиските резултати постигнати лани од јануари до декември. Забележливо е дека од десетте дејности во кои спаѓаат котираните друштва, к…