Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Парите добиени од повратот на „МојДДВ“ граѓаните ќе можат да ги донираат во буџетот

25 апр. 2020 г.·2 мин читање·445 прегледи

Следете не на Viber

Владата донесе Уредба за примена на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица за време на вонредна состојба, со која се утврдува можност за донирање на остварениот поврат од ДДВ за кој физичкото лице има право преку проектот „МојДДВ“ во државниот Буџет поради справување со последиците предизвикани од коронавирусот.

Како што соопшти владината прес-служба, физичките лица корисници на апликативниот софтвер за пријавување на податоците од фискалната сметка изготвен во мобилна верзија ќе имаат можност да изберат да го донираат остварениот износ од данокот на додадена вредност за кој имаат право на враќање.

За остварениот износ за поврат на ДДВ во првото тримесечје во оваа година, граѓаните ќе имаат можност да изберат опција за донирање на дел од данокот на додадена вредност за кој имаат право на враќање, најдоцна до 5-ти мај 2020 година, стои во соопштението за одлуките од денешната седница на Владата.

На седницата е донесена и Уредба за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба. Со неа се продолжува рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 како и за плаќање на Данокот на додадена вредност, за периодот од 1 до 28 февруари, заклучно со 30 април годинава.  Се овозможува и продолжување на рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 како и за плаќање на ДДВ за период  1 до 31 март годинава и за периодот од 1 јануариу до 31 март годинава, исто така заклучно со 30 апрул годинава.  Се продолжува и рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 и за плаќање на ДДВ за период од  до 30 април, заклучно со 31 мај годинава.

Клучни зборови

  • донација
  • мој ддв
  • моја награда
  • МојДДВ
  • МојДДВ наградна игра
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk