Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Пуштена во употреба новата иновативна финансиска платформа „Паричник.мк“

25 јун. 2020 г.·2 мин читање·220 прегледи

Следете не на Viber

Со цел да им се помогне на корисниците полесно и побрзо да дојдат до информација за најповолните банкараски производи на дневна основа, овие денови започна со работа новата иновативна финансиска платформа Паричник.мк.

Станува збор за независна финансиска платформа со единствен концепт и иновативен пристап која ефективно ги спојува финансиските институции и корисниците нудејќи ги очекуваните финансиски информации на дневна основа, наведоа основачите на платформата.

Тие истакнаа дека веќе нема потреба да се оди во банка, или пак да се посетуваат интернет порталите на одделните банки, напротив, како што појаснија, сега со посета на финансиска платформа Паричник.мк со еден клик се добиваат сите информации, кои носат заштеда на време но и средства за корисниците.

Платформата нуди ажурирани, прецизни информации кои помагаат во процесот на професионални одлуки, истакнаа основачите на платформата.

Посочија дека Паричник.мк претставува дигитален еко-систем на кој секојдневно се одвива понудата и побарувачка на сите банкарски и финансиски производи, помагајќи да се донесе најдобрата финансиска одлука во склад со своите потреби и можности.

Платформата Паричник.мк е независен специјализиран онлајн портал кој соработува со сите интересни групи, со цел креирање на позитивна клима за развивање на квалитетни односи и интерактивни комуникации помеѓу финансиските институции и нивните традиционални / потенцијални клиенти, заклучија основачите.

Погледнете какви профити книжат финансиските друштва за брзи кредити во земјава.

Клучни зборови

  • вебстрана
  • заштита
  • ковид19
  • мерки
  • паричник.мк
  • платформа
  • финансиските институции
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk