Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Парични казни за навидум безопасни ситуации

26 окт. 2020 г.·2 мин читање·2046 прегледи

Следете не на Viber

Доколку сториме прекршок, сите знаеме за некои од „вообичаените“ казни што следуваат, на пример, ако паркираме автомобил на несоодветно место или зборуваме на мобилен телефон додека возиме или ја преминуваме улицата. Но, што е со тие казни што можеме да ги добиеме во некои целосно навидум „безопасни“ ситуации?

Верувале или не, во градот Мобиле, Алабама за фрлање конфети во воздух и се што е светкаво, за време на прослава, може да добиете казна од 16 долари, плус 106 американски долари за да платите за судски трошоци.

Во Алјаска, не треба да зборувате гласно на телефон, во спротивно ќе ви биде платена парична казна од 2.000 долари, затворска казна до 90 дена, па дури и обете. Се смета дека со гласно зборување го кршите „кодот“ на градот Фербенкс.

Ако плукнете во јавноста во градот Гудјер, Аризона, без разлика дали на јавното шеталиште, на улица или во парк, за тоа дело може да добиете затвор до шест месеци и парична казна од 2.500 американски долари. Истото ви се случува и ако плукате на подот на јавна зграда.

Државата Ајдахо во САД ве казнува доколку „погрешно“ сортирате компир или му дадете погрешна оценка, а тоа може да ве чини до 500 американски долари или дури и да ви се закани со затвор. Сите компири што ги продавате мора да бидат со ист квалитет, иста сорта, скоро иста форма и големина, иако се толерира до 6 проценти „сорта“.

Некои уживаат во мирисите на свеќи и свежо цвеќе, додека други уживаат во лепилото. Според законите во Индијана, „вдишување лепак“ за задоволство може да ве чини до 1.000 долари. Статутот јасно кажува дека секое лице кое вдишува или внесува испарувања на лепило во телото или други супстанции, прави прекршок од Класа Б.

Дали сакате да изненадите пријател испраќајќи му пица на вашата домашна адреса? Не правете го тоа во Луизијана, затоа што би можеле скапо да платите за овој убав гест: поточно, 500 американски долари. Испраќањето било што на нечија домашна адреса, без нивно знаење, се смета за вознемирување.

Клучни зборови

  • парични казни
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk