Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

ПАРИЧКАТА ВО ДИ ТРЕВИ ПОВЕЌЕ НЕ Е ЗА ЏАБЕ – за да стасате до фонтаната, застанете во ред за билет

22 дек. 2025 г.·3 мин читање·1202 прегледи

Следете не на Viber

Светските туристички атракции, сместени низ Европа, од наредната година ќе станат поскапи за посетителите, а, со тоа и потешко достапни. Трендот го следи и „Вечниот Град“ – италијанската престолнина Рим, каде, почнувајќи од 1 февруари 2026 година, на туристите ќе им се наплаќа такса од 2 евра за да се приближат до базенот на Фонтаната Ди Треви.

Ако е за утеха, гледањето на Фонтаната Ди Треви од далеку, од самиот плоштад, ќе остане бесплатно, ветуваат римските градски власти. Воведената такса е дел од напорите за справување со огромни толпи и финансирање на одржувањето.

На секој турист ќе му се наплаќа по 2 евра за задржување на просторот директно пред базенот на фонтаната и камените скали. Од оваа давачка ќе бидат ослободени само жителите на Рим, децата под пет години и лицата со попреченост (плус еден придружник).

Останува да се види дали воведувањето на билет за Ди Треви ќе помогне во напорите Рим се ​​справи со пренатрупаноста со посетители во историското јадро на градот и да се подобри искуството на посетителите и да се покријат трошоците за одржување на културното наследство.

Пет други туристички атракции во италијанскиот главен град, кои моментално се бесплатни (како Музејот на Наполеон) исто така ќе воведат туристички такси. Ова следи по надоместокот од 5 евра воведен за Пантеонот во 2023 година и системот за влез на туристи во Венеција.

Билетите за туристичките атракции во Европа станаа водечки тренд во годините по пандемијата, кога многу туристички центри низ Стариот континент буквално беа опседнувани со толпи туристи, понесени од трендот на „одмазднички туризам“. Цените варираат во голема мера, од бесплатни места до 10, па и повеќе од 30 евра за главни места како Колосеум (29 евра+), Ватикански музеи (26 евра+), Ајфелова кула (10 евра+) па дури и влезници од над 50 евра за атракции како Саграда Фамилија. Или такси за резервација за популарни места како Балконот на Јулија во Верона, која изнесува 12 евра!

Еве преглед на давачките за некои од најпознатите туристички атракции низ Европа за 2026:

Рим: Колосеум (од 29 евра па нагоре), Ватикански музеи (26 евра па нагоре), Базилика „Свети Петар“ (11 евра па нагоре).

Париз: Ајфелова кула (10 евра), плус градски данок до 8,45 евра/лице/ноќ.

Барселона: Саграда Фамилија (почнува од 51 евро).

Атина: Акропол (20 евра), Комбиниран билет за 7 локации (30 евра).

Краков (Полска): Солен рудник Виеличка (39 евра).

Виена: Оперски тури (11 евра), Билети за стоечка соба (10-15 евра).

Туроператорите посочуваат туристите да очекуваат дополнителни трошоци за онлајн билети или пристап надвор од ред, за аудио водичи или премиум пристап.

Туроператорите и травел магазините веќе ги советуваат патниците да предвидат и до 200-300 евра повеќе во својот буџет за патувања во поатрактивните туристички дестинации низ Европа, само за влезници. но секогаш проверувајте ги официјалните страници за точни цени, градски такси (често по лице/ноќ, се плаќаат во хотели) и потенцијални.

Треба да се напомене дека во наброените износи на цени на билети за некои од најпознатите европски туристички атракции, не се сметани таканаречените скриени трошоци како градските туристички такси (до 15 евра/ноќ во Париз). Градските туристички такси, па пример, се вообичаени во Франција, Италија, Германија; често 1-15 евра по лице/ноќ, и се плаќаат директно во вашиот сместувачки капацитет.

(Фото: Thomas Wolf, www.foto-tw.de, CC BY-SA 3.0)

Клучни зборови

  • влезници
  • Европа
  • Италија
  • прекумерен туризам
  • такси
  • туризам
  • туристички атракции
  • Фонтана ди Треви
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk