Минатата година, додека цените незапирливо растеа и додека граѓаните се мачеа да го закрпат месецот, поради што Владата кроеше непазарни мерки, како што беше ограничувањето на маржите – големите синџири на маркети успеаја солидно да се „нафатираат“, покажува анализата на „Пари“ врз основа на податоците од платформата БизнисМрежа.мк.
Навистина, сите трговци што ги ставивме под лупа, а кои се најпознати меѓу потрошувачите имаа намалени добивки (со исклучок на еден трговски синџир), но факт е дека во осумте најголеми синџири каде што граѓаните оставиле безмалку 880 милиони евра, направена е вкупна нето-добивка од над 25 милиони евра!
Во 2021 година прометот во истите трговски синџири бил 750 милиони евра, а нето добивката околу 30 милиони евра. Така, овие податоци откриваат дека лани со поголем промет (што се должи на раст на цените, а не на растот на пазарењето, како што потврдува и Државниот завод за статистика), направен е помал профит отколку во претходната година.
Дали ваквото работење, во услови на високи цени особено на енергијата, но и на поскапената раб…