Трговијата со струја е профитабилен бизнис, во кој платите се далеку натпросечни, но таму обично има по еден или по неколку вработени, на кои покрај платите им остануваат и нето-профитите.
Порталот Пари, во соработка со платформата БизнисМрежа.мк, истражуваше кои трговски фирми со струја земаат најголеми плати. Податоците покажуваат дека најголемата месечна нето-плата минатата година била околу 5.000 евра.
На крајот од 2021 година, кога цената на електричната енергија експлодира, дел од трговските фирми со струја еднострано почнаа да им ги откажуваат договорите на компаниите, затоа што тие не можеа да набават струја по цена ни приближно иста од договорената. Во недостиг на електрична енергија, кога се нарушија купопродажните…