Верувале, или не, ама од чистење и од тековно одржување, односно од она што народски кажано го прават хаус-мајстори, може да се направат големи пари. Десетте најголеми компании кои се со шифра „останати дејности на чистење на згради и објекти“, лани направиле вкупен приход од 16,3 милиони евра (2,2 милиони евра повеќе отколку во 2019 година) и тоа им донело добивка од 780.000 евра (220.000 евра повеќе отколку во 2019 година), покажуваат податоците од платформата БизнисМрежа.мк. Но, истражувањето на порталот „Пари“ доаѓа до уште поинтересен заклучок: заеднички именител на сите нив (освен на „Хаус мајстор домување“) им е учество на тендерите за јавни набавки на државни институции и претпријатија. А таму „во игра“ се големи суми – за одржување хигиена за една година во државните органи и подрачните едници на министерствата се плаќа 4 милиони евра, МВР и Агенцијата за национална безбедност имаат склучено двегодишни договори за 3,4 милиони евра, Пошта, исто така двегодишен договор за 770.000 евра…
Кои се најголемите играчи во бизнисот со чистење и тековно одржување и колку пари заработиле минатата година, погледнете од табелава:
ТОП 10 КОМПАНИИ ПО ПРИХОД ЗАРАБОТЕН ОД ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ…