Државниот завод за статистика излезе со податок дека лебот и житата заеднички постигнале раст на цена од 36,5 проценти во јули годинава во однос на истиот месец лани. Од Сојузот на синдикати пак, пресметаа дека цената на лебот, се зголеми за повеќе од 100 проценти. Но, и без овие пресметки секој купувач си знае колку порано чинел лебот што тој си го пазарел, а колку е сега.
Во продавниците, најчесто цените се околу 50 денари за пченичен леб од околу 500 грама. Производителите на леб велат дека трошоците им се огромни, а дури и најавуваат дека цената во иднина може да се зголеми со оглед на трендот на цените кај енергентите. Многу често, од страна на проиводителите го слушаме и апелот до Владата да се преземе нешто, за да не се затвораат капацитети.
„ЖИТО ЛУКС“ ВО ЗАГУБА, ДРУГИТЕ ВО ДОБИВКА
„Пари“ побара податоци од платформата БизнисМреж…