Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Од 4,6 милијарди евра, осигурени се 3,3 милијарди евра – пари на граѓани што ги чуваат во банките

17 авг. 2020 г.·2 мин читање·579 прегледи

Следете не на Viber
Граѓаните во банките чуваат приближно 4,6 милијарди евра, од кои осигурени се 3,3 милијарди евра, изјави во интервју за МИА, директор на Фондот за oсигурување на депозити Борче Хаџиев.

„Во случај на одземање на дозволата за работа на некоја од членките на ФОД, се обесштетуваат осигурените депозити, но не повеќе од денарска противвредност од 30.000 евра по депозит во банка пресметани по средниот курс на Народната банка на денот на одземање на дозволата за работа на банката. Предмет на обесштетување се денарските и девизните депозити, средства на трансакциските сметки, депозитите врзани за парични картички, девизните приливи и сертификатите за депозити издадени од банката, појаснува Хаџиев.

Тој додава дека со обесштетувањето на депозитите се опфаќа и договорената пресметана и припишана камата и непристигнатата камата заклучно со денот на одземање на дозволата за работа на банката, којашто не му била исплатена на депонентот-физичко лице.

„Согласно Законот за Фондот за осигурување на депозити, во случај кога депонентот има обврски кон банката, вкупниот износ на депозити на депонентот коишто се предмет на обесштетување се намалува за износот на неговите обврски кон банката“, вели тој.

Инаку, во Еуростандард банка според податоците обезбедени од Банката со состојба на 10 јули година, вкупниот износ на депозитите на физички лица кои ќе бидат обесштетени од страна на ФОД изнесува околу 4,4 милијарди денари (околу 71,5 милиони евра).

„Од ФОД ќе бидат обесштетени депозитите на 99,4 проценти од физичките лица – депоненти во Еуростандард банка“, вели Хаџиев за МИА .

Депонентите-физички лица коишто имаат депозити во Еуростандард банка повисоки од 30.000 евра, во рамки на обесштетувањето од страна на ФОД ќе им бидат исплатени средства до 30.000 евра во денарска противвредност, по лице.

„Своето право за целосно намирување до висина на вкупниот депозит (разликата меѓу вкупниот износ на депозитот и пресметаниот износ на обесштетување) ќе може да го остварат од стечајната маса на Еуростандард банка. За ова нема потреба од дополнително барање/пријавување на побарувањата од страна на депонентите-физички лица. Фондот нема надлежност во обезбедувањето на средствата од стечајната маса“, вели во интервјуто за МИА, директорот на Фондот за осигурување депозити, Борче Хаџиев.

Целото интервју може да го прочитате [тука]

Клучни зборови

  • банки
  • Борче Хаџиев
  • депозити
  • заштеди
  • фонд за осигурување
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk