Минатата година, најголемите трговци во секторот бела техника и уреди за информатичка технологија, реализирале промет од 151 милион евра. Станува збор за пари оставени во Нептун, Сетек, Техномаркет и Анхоч. Една година пред тоа, односно во 2021 година, кога цената и на апаратите за бела техника, и на компјутерите, лаптопите и мобилните, беше пониска, прометот беше повисок. Но, не многу. Анализата на податоци што ја направи порталот Пари во соработка со БизнисМрежа.мк, покажува дека во овие четири синџири во 2021 година е направен вкупен промет од 154,7 милиони евра, или 3,7 милиони евра повеќе отколку во 2022 година. Но, затоа, им…