Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ПАРИ ИСТРАЖУВАШЕ: Kолку заработува НЈСК Холдинг, компанијата која стана извозник на сув цвет од канабис

10 јун. 2021 г.·3 мин читање·2689 прегледи

Следете не на Viber

Која е НЈСК Холдинг компанијата која што објави дека станува првата македонска компанија-извозник на сув цвет на канабис наменет за Полска? Pari.com.mk истражуваше како работела оваа македонска компанија со седиште во зоната Чојлија во Општина Петровец, во изминатите две години. Податоците покажуваат дека НЈСК Холдинг со дејност производство на основни фармацевтски производи во изминатите две години сепак работела со загуби.

Од податоците кои може да се видат и во табелата оваа компанија во 2019 остварила приход од околу 90.000 евра. Следната 2020 година приходот се зголемил повеќепати и изнесувал 664 илјади евра. Сепак како што растеле приходите, растеле и расходите. Па компанијата и двете години забележала пад на добивка. Минусот во 2019 година изнесувал 1,3 милиони евра. Минатата година ги намалиле загубите, но сепак биле во негатива на сметката за 247 илјади евра. Подетално бројките може да ги погледнете во табелата, изразени во денари:

Вкупни приходи Вкупни расходи Нето добивка
2020 40.848.296,00 56.080.001,00 -15.231.705,00
2019 5.525.564,00 86.052.288,00 -80.526.724,00
639,26% -34,83% -81,08%

 

НЈСК Холдинг е дел од меѓународната групација „Фармакан Интернешнал“ која, покрај во Македонија, има свои производствени капацитети и во Холандија, Полска, Германија, Хрватска и Грција. Како управител на фирмата се води Златко Кесковски. По големина фирмата спаѓа во мали компании. Фирмата во 2019 работела со 30 вработени, а 2020 нивниот број изнесува 38.

НЈСК Холдинг е основана во август 2016 година и е првата лиценцирана компанија за одгледување на медицински канабис во земјава и воедно таа е прва македонска компанија со европска лиценца за производство на фармацевтски производи на база на канабиноиди. Досега своите производи ги има регистрирано на пазарите во Полска и Германија, а преку партнерски и сестрински компании, и во Велика Британија, Бразил и Австралија.

Компанијата денеска објави дека успехот да станат извозна компанија на сув цвет од канабис се должи на пет-годишната макотрпна работа, како и интензивните вложувања во најсовремена опрема, специјализирано знаење и највисоки стандарди за ваков вид фармацевтско производството, со цел да се задоволат високите критериуми за квалитет кои се бараат на европскиот и светскиот пазар.

Редакција Пари

Клучни зборови

  • Извоз
  • НЈСК Холдинг
  • сув цвет на канабис
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk